Home Археологија Кој ја краде историјата на Македонија?

Кој ја краде историјата на Македонија?

1,455 views
0

Сведоци сме дека скоро сите репери од моментот на откривањето на културното наследство, па преку заштитата, се до нивната научна валоризација и промоција, во Македонија се комплетно изместени. Научното цунами во археологијата не одминува, а патем не сме ни многу кадри да се реплицираме во дигитален медиум, со оглед на тоа што како држава воопшто не се грижиме за претставувањето на нашата култура и историја на интернет. На прсти се бројат сајтовите каде едвај може да се прочитаат информации кои се scientifically based. Важно се лупаме во гради колку многу сме ископале последниве 10 години, иако скоро 90% од тоа не е публикувано, па не и е познато ниту на домашната ниту на странската јавност, а згора и се ‘уништува’ засекогаш исчезнувајќи како светска цивилизациска придобивка. Но добро, да почекаме, можеби некогаш и некаде ќе се објави некој сериозен научен труд. Ако успееме да ги пронајдеме археолошките наоди во виртуелниот свет на македонскиот Arheoville.

Последниов период зачестија сквернавењата на бистите од борците, хародни херои, кои учествувале во Втората Светска војна, фреските во нашите највредни цркви пропаѓаат поради несоодветен конзерваторски третман, се уништуваат артефакти по археолошки локалитети кои се како жива рана, ископувани – но не и заштитени, а секоја втора будала во државава изиграва археолог по медиумите.

Затоа прашањето за тоа ‘Кој ни ја краде историјата’ е сосема ирелевантно. Не можеш да збуниш некој друг, ако притоа и самиот не си збунет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here