Home Археологија Случајот со бронзениот кратер од Корешница, Демир Капија

Случајот со бронзениот кратер од Корешница, Демир Капија

4,931 views
2

Повеќе од една деценија бронзениот кратер ископан во с. Корешница, Демир Капија, го предизвикува вниманието на стручната јавност, на медиумите и на сите заинтересирани за културното наследство кое со години се одлева вон границите на Република Македонија.

Се претпоставува дека овој кратер, за кој постои мислење дека спаѓа помеѓу десетте најубави артефакти во светот, е ископан во средина на деведесеттите години и преку тајни канали изнесен од Македонија. Малку е чудно како се одвивала оваа операција ако се знае дека кратерот кој моментално се наоѓа во приватната колекција на семејството Шелби во САД, е висок околу 2 метра. Се тврди дека нема докази за тоа како бил ископан, нема документација, нема сведоци, па сепак најинтересната работа во овој случај е како на интернет се најдоа цртежи и пресеци од гробницата каде е откриен овој артефакт, со дузина други предмети кои потекнуваат од средината на V век п.н.е. Значи сепак сведоци имало, и тоа такви кои одлично си ја познавале работата која ја завршиле. Се оди дотаму што дури авторот на блогот Looting Matters кој со години пишува за овој кратер, тврди дека тој дозволата да ги објави овие цртежи ги добил токму од оној кој ги создал. Во коментарите се посочуваат и линкови на другите предмети од Корешница кои биле во 2008 година на аукција во Кристи, во исто време додека ние се лупавме во гради со години дека ќе ги вратиме дома по легален пат.

One of the tombs ransacked during the 1990s was at Koreschnica, north-west of Demir Kapija on the north side of the Vardar. I have now been sent details of the tomb said to contain ‘the Koreschnica krater‘ (and I reproduce the plan of the tomb with the creator’s permission).

Извор: Looting Matters

На овој цртеж точно се гледа позицијата на кратерот во левиот долен агол од гробницата, но ретко кој видел како изгледа, бидејќи не е дозволено да се слика, ниту го има во официјалниот каталог на колекцијата Шелби од Хјустон. Во живо го виделе само неколку луѓе, вклучувајќи го и новинарот од Канал 5 ТВ Горан Момироски. Можеби постојат и други луѓе кои го виделе, но не ми се познати нивните изјави, додека прилогот на Момировски се наоѓа вгнезден во разговорот од видеото.

Пред да продолжите да го читате текстот, ви препорачувам претходно да го погледнете видео клипот. Тој е исечок од едно мое подолго телевизиско гостување, каде што помеѓу другите (многуте) теми, се допре и кратерот од Корешница. Емисијата беше посветена на тогаш во моментот актуелната акција Фаланга, со која дефинитивно се побија сите дотогашни тврдења на одредени ‘експерти’ дека не постои илегална трговија со антиквитети во Македонија. Тоа само го потврди фактот дека Македонија тешко се справува со нелегалната трговија на своето културното наследство, а уште потешко превзема чекор за неговото вреќење во матичната земја. Македонија долго време не си го бараше културното наследство назад, ниту пак си ги бараше одземените реликвии!?.

Пресек на гробницата од Демир Капија од непознат автор

Македонија се обиде повеќе пати да не увери дека ќе го врати овој кратер дома. Операциите за враќање на откраднатите артефакти во било која земја се долготрајни и изискуваат многу ресурси: научни, технички, финансиски … Но кога имате вакви случаи означени како топ сикрет, тогаш не дисперзирате информации наоколу кои би ја загрозиле операцијата за нивното враќање, а уште помалку давате информации од ископувања на колеги кои воопшто не се публикувани. Но ние сме познати по тоа што си ја сечеме гранката на која седиме, па следствено на тоа воопшто не треба да не чуди што другите држави или поединци наметнуваат високи критериуми при враќање на нашето културно наследство. Бидејќи ние воопшто немаме критериум што е тоа културно-историско наследство.

2 COMMENTS

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Gjokica Zafirovski, Vasilka Dimitrovska. Vasilka Dimitrovska said: Од брдото на кликови кон постот за кратерот од Демир Капија http://bit.ly/af3qmT, google не успеа денеска да стигне до мојот сајт. 🙂 […]

Leave a Reply to Tweets that mention Случајот со бронзениот кратер од Корешница, Демир Капија -- Topsy.com Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here