Home Администрација Преку ашимов од Телекабел кој манипулира со своите корисници

Преку ашимов од Телекабел кој манипулира со своите корисници

4,844 views
9

Не можам точно да одредам од кога сум корисник на компанијата Телекабел. Можеби 3-4 години, а можеби и нешто повеќе. Но едно знам. Од моментот од кога ги користам нивните услуги за телевизија и за интернет јас имам невидени проблеми. И порано имам пишувано за моите проблеми и недоразбирања со Телекабел кои воопшто немаат слух за своите корисници. Сите мои постови, фејсбук статуси и твитови кои со години ги пишувам за лошите услуги на Телекабел, се достапни на интернет. Само користете клучни тагови на кирилица за пребарување.

Исто како и во моментов, зимата на преминот од 2007/2008 телевизиските програми и интернетот од страна на Телекабел ми беа катастрофа. Со месеци се жалевме и јас и станарите на мојата зграда, но одговорот кој го добивавме од техничката поддршка која воопшто не дојде на терен, е да си провериме модем, вируси во комјутерот и ред други небулози. Целата ситуација ескалираше во моментот кога им се заканив дека ќе доведам новинари од А1 телевизија, со која во моментот беа скарани, затоа што помеѓу другите програми, не можев да ја гледам оваа телевизија. А јас пак интернет зависник, да не ви објаснувам само колку ми дошло до македонските телевизии! Нејсе. Немаше поинаква опција освен во полза да ја искористам ситуацијата. Соочени со вербален напад, а на нож со А1 ТВ, Телекабел сепак испратија екипа на терен околу мојата зграда, која установи дека грешката била кај нив (а впрочем секогаш е кај нив), и ја преработија целата инсталација. Просто е неописливо низ какви нервози сите години поминавме со моите соседи и колку пари се изнадававме за нивните лоши услуги.

Ќе ме прашате зошто не си го сменам провајдерот? Едноставно е. Немам фиксен телефон и не намеравам да го имам по манипулацијата на Македонски телекомуникации од пред неколку години. Се сеќавате дека стигнуваа астрономски суми за непостоечки вртени броеви или услуги, па и јас како и многу други граѓани на Македонија го исклучив фискниот телефон и немам намера во ера на мобилна телефонија и интернет повторно да го вклучам за да бидам манипулирана од домашните компании. Значи – интернет кој доаѓа преку телефонски кабел – отпаѓа. За несреќа, ниту еден друг кабловски оператор не нуди услуги во мојата населба, инаку многу одамна ќе ги откачев Телекабел. Евентуално да размислам за некоја wifi опција, ама и тоа кој знае до кој степен на развиток е стигнато во државава.

Како и да е, во последниве 2 месеца Телекабел повторно манипулира со корисниците давајќи лажни изјави во јавноста за брзината на интернетот кој го нудат, вклучително со величењето на дигиталните канали кои кај мене се гледаат со снег како на аналоген телевизор од претходниот век. Многу пати досега пишав на фејсбук, а кога вечерва ги споделив маките на twitter, испадна дека всушност корисниците од цело Скопје имаат генерално проблем со интернетот. Објаснувањето кое јас го добив од техничката поддршка од Скопје е дека наводно ги менувале ip адресите на корисниците. Жими ашимов дека баш е тоа причината што не можам да отворам yahoo mail 10 секунди, да изгледам без сецкање клип на you tube и да симнам некој филм кој е во Public domain под лиценцата на Creative commons.

Јас немам никакви врски во Телакбел, кои се и онака без врска. Сепак, си реков, ајде можеби може да се улепшаат и испеглаат работите, па се јавив во техничката поддршка на Телекабел во Штип, каде што им е и седиштето. Испадна дека луѓето кои работат таму немаат појма (а и зошто би имале) за проблемите на интернет корисниците во Скопје. Ветија дека ќе превземат што може да се поправи со ситуацијата, ама мојот покоен дедо велеше кога кај некој (човек) има грешка во ‘кодот’, тешко се (п)оправа.

Во 21 век да се има проблеми со интернет како да сме некоја недоџија е недозволено. Сакам да знам дали постои некое тело/организација која ги штити корисниците од лоши услуги на вакви компаниии и кога ќе бидат казнети Телекабел за тоа што едно нудат на хартија со договор, а на крајниот корисник му испорачуваат нешто сосема трето. Искрено, да знам, да можам, би ги однела веднаш во Хаг за јавна увреда на корисник и ментално малтретирање за сите овие години! И тоа за мои пари!

9 COMMENTS

  1. Услугата што ја нудат е катастрофа!! и патем ова е најдобриот коментар кој можев да го оставам.

  2. Богами и јас го имам истиот проблем. Незнам можда треба да се дигне повеќе џева и да почнат и они да слушаат дека се жалат корисниците и дека се збори за тоа, а не да си ќутиме и да чекаме дека некој друг ќе ги реши работите.

  3. а зошто не се одселиш од државава? и онака сите сме глупи за тебе.. многу голема услуга ќе ни направиш и нас и на себе..

    ПС поголема глупост од оваа не сум чул досега: „..вклучително со величењето на дигиталните канали кој кај мене се гледаат со снег како на аналоген телевизор од претходниот век“

    Браво, значи баш си ..

  4. После мојот кус и тотално неуспешен експеримент со On.net (no.net?), како попче си се вратив на „монополот“.

    Си легнав на брашно од следниве причини: имаат подобра поддршка од сите други (добро, знам по некој и „одвнатре“ за да поттурне кога треба) и најстабилни конекции. Воглавно ги држат ветувањата за гарантираниот протек (освен кога не ги држат :)).

    Телефонската линија на Телеком не ја употребувам за телефонирање. Ја поставија, се претплатив на апсолутниот месечен минимум (мислам дека е 260 ден.) и ја пикнав директно во ADSL модемот.
    Ти препорачувам да направиш нешто слично.

  5. А што се однесува до кабелската телевизија — потполно разочаран од CableTel (но и од Советот за радиодифузија, но тоа е друга приказна), се јавив на TotalTV (http://0.mk/489b) и следниот ден имав перфектна слика на мојот чичка-нов LCD (конечно попуштив и купив …).
    Сите (80 кодирани+100 слободни) канали кои ги нудат „жичните“ оператори, со комплетни преводи (не дека ми требаат, но…), со on-line програмски шеми, со закажување …
    Само што ќе ти го избушат ѕидот да ти постават (мала, 60см.) сателитска антена.
    Препорачано.
    Единствен услов е тој што антената мора да има „поглед“ накај Водно (т.е. југ-југозапад).

  6. Интернет им е незначителна ставка во заработката а го држат за да им доаѓаат корисници за аналогната телевизија (што им е чист ќар). Телеком му е мајката, враќај го модемот и ставај оптика (и МаксТВ 🙂 Кај нив фиксната пропаѓа, па со АДСЛ-от ја спасуваат и плус ја надградуваат со услуги.

  7. Претплатник сум на телекабел веќе две години и морам да кажам дека сум страшно незадоволен од нивните услуги.Интернетот ми е добар (не одличен)само првите десетина дена од месецот потоа веќе требаат и по десет минути да наполнам еден Јутуб клип , а сум на неограничен интернет. Корисник сум и на нивната прекрасна кабелска (ако може да се нарече така , ми нуди само 50-есетина канали) и единствените од нив кои ги следев беа дисковери и фокс лајф и неодамна и двата се заменети со национал географик и дизни ХД соодветно.Пратив и-меил , но никој не е заинтересиран да одговори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here