Дома Cпонзорирано Музејот на град Кратово и Саат кулата

Музејот на град Кратово и Саат кулата

10,371 views
4

Како град и локална самоуправа, Кратово има неколку културни установи: музеј на град Кратово, домот на културата и градска библотека. И покрај тоа што самиот град е музеј под отворено небо со сите оние стари мостови, кули, традиционална архитектура и богато природно и културно-духовно наследство, сепак Кратово до 1993 година немаше сопствен музеј.

Музејот на град Кратово е сместен во стара турска куќа заштитена со закон, под која веднаш се наоѓа стариот турски затвор. Во него изложбата е составена од неколку збирки: археолошка, историска и етнолошка, секоја со мала поставка, а постои и одделение за конзервација на наодите. За жал во музејот се уште нема вработено археолог и оваа наука допрва треба да се развива во регионот на Македонија кој впрочем е и најмалку истражуван од таа гледна точка.

Од 2008 година на Музејот на град Кратово му е доделена и Саат кулата како простор за кој треба да се грижи и да менаџира со него. Саат кулата е една од шесте кули кои опстанале од средновековниот и турскиот период на градот. Во 2004 година со пари од Министерството за култура е делумно санирана, реконструирана и преуредена со мали поставки кои се наоѓаат на првиот и вториот спрат, додека на третиот спрат посетителите може да се одморат во удобната атмосфера гледајќи низ некои од прозорите или балконот кон средновековното Кратово.

Часовникот на Саат кулата престанал одамна да работи. Моцо, единствениот саатџија кој има занаетски дуќан во близината и кој својот занает негуван со столетија го наследил по фамилијарна линија, смета дека секоја кула налик на оваа требаа да има саат. ‘Можам да поправам било каков саат, ама Саат кула без саат не бива. Нека ми донесат механизам за да го поправам или најсетне, нека стават некаков саат на кулата па макар бил електронски’ – вели тој. 🙂

Во последно време неколку пати бев до Кратово по работа и експедиции во околината на Кулице и Цоцев Камен. За оние кои не биле со години или можеби никогаш во овој град-музеј, ќе ве дочека едно пријатно доживување низ просторот и времето. Тргнав со предрасудите дека е ова Ѕинголенд, но бев позитивно изненадена од се’ она што може да понуди Кратово и околината. Со споменатиот бизнисмен се сретнав само еднашка. Имено, во Кратово ако нарачате ‘Добра’ или ‘Ладна’ вода, ќе ви ја донесат, но секако – флаширана. 🙂

4 КОМЕНТАРИ

  1. Од кога тоа промоцијата на културното наследство се смета за политички платена алатка? Дај боже да беше така. До сега ќе не распознаа во светот, ама за жал и после толку години постоење од интернетот, ниту една структура во Македонија не ја сфати предноста од присуството во виртуелниот свет. Те нема на нет, не постоиш во свет. 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име