Home Археологија Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Криејтив...

Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Криејтив Комонс

1,585 views
0

Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Creative Commons‘ е насловот на еден мој научен труд кој во 2009 година излезе во списанието Културен Живот. Истоимената темата ја пријавив на последниот симпозиум на македонските археолози во Кичево, но за жал од оправдани причини задоцнив утрината кога ми беше закажан распоредот за презентација и не успеав да ја претставам пред своите колеги. Текстовите од овие симпозиуми обично се публикуваат во списанието Macedonia acta archaeologica, официјално гласило на МАНД, но јас се решив наместо таму, да го предадам во Културен Живот бидејќи мојот став е дека не можам да чекам со децении да се публикува зборникот од овој симпозиум, кога повеќето од податоците ќе бидат апдејтувани, застарени и надминати. Патем, после неполни две години од последниот симпозум одржан во декемви 2008 година во Кичево, Macedonia acta archaeologica се уште не е издадена. Со вакви потези, едноставно, научното цунами во археологијата не гази и не одминува.

Зошто избрав ваков наслов за текст? Затоа што моментално не постои ниту едно печатено или интернет специјализирано издание каде македонските археолози би ги публикувале своите мислења. МАВ не го сметам за релевантна библиографска единица, бидејќи дистирибуираните информации се парцијални. Факт е дека на интернет не постои воопшто било какво списание каде што ќе се прочитаат најновите достигнувања, истражувања и публикувања од областа на археологијата во Македонија. Во недостаток на оваков тип беседник, читателите заинтересирани за оваа наука сублимираните информации за одредени под дисциплини можат ги најдат на неколку места: дневни весници, специјализирани магазини (Порта 3 или Премин), блогови, сајтови и проекти на интернет (на пр. Проект Растко Македонија) кои вклучуваат во голема мера секакви други истражувачки профили, освен археолози.

Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Криејтив Комонс

Многупати разработувани во моите постови, ова се теми кои генерално се непознати за научата сфера во Македонија. Иако можеби сето ова наизглед звучи лесно, сепак е тежок патот по кој моментално чекори македонската археологија. Во текстот се обидувам да им предочам на моите колеги, но и на сите засегнати и заинтересирани за оваа тематика, што се случува кога една научна методологија ќе се преслика на интернет преку примената на Новите Медиуми, а притоа се искористат новите технологии со придружните алатки кои се генерално бесплатни. Исто така го сумблимирам се она коешто сметам дека им е потребно на археолозите за да се запознаат со предностите кои ги нудат лиценците на Криејтив Комонс, во надеж дека можеби еден ден ќе се скрши јазичната бариера во on line публикувањето, а со тоа ќе се зголеми и нашето присуство во дигиталниот свет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here