Home Археологија Cannabis s(T)ativa

Cannabis s(T)ativa

1,424 views
1

Една мумијата откриена при археолошките ископувања во 2003 година во Кина, која датира од нивното бронзено доба, по пат на форензички испитувања е утврдено дека покрај себе имала едно ќесе полно со листови од билката марихуана. Според археолозите се работи за човек на возраст од 40-50 години кои тие го идентификувале како шаман, а растението како состојка која се користела при неговите ритуали. Мене ова ми звучи прилично логично, со оглед на социјалниот поредок во праисторијата. Чисто онака се прашувам како ли умрел човеков, оти не верувам дека го уапсиле затоа што поседува недозволени супстаници? Или подобро кажано, овие супстанци во тоа време биле прилично пожелни доколку шаманот сакал да ја унапреди својата заедница преку состојбата на поинаква свесност, која пак од друга страна се одразила при содавањето на светската (пред се карпеста) уметност и со текот на годините стана едно поле преку кое се објаснуваат одредени феномени во доцнопалеолитската уметност именувани како ентопти.

Шаманот е лице кое има комбинација на духовната моќ од нашиот матичен доктор, свештеник, волшебник и уметник, поет и психотерапевт. Преку транс или халуциногено искуството тој служи како врска помеѓу овој и духовниот свет. Теоријата која ги вклучува шаманите генерално се базира на неодамнешните студии на африканската карпеста уметност (племето Сан), но таа не може на пример да ја објасни сличноста помеѓу отпечатоците на раце во Европа и Австралија и нефигуративната уметност (т.н ентоптичка), која е базирана пред се на едноставни геометриски форми. Како основа за оваа теорија отсуствува најважното, етнографски записи со кои може да се направи обид да се докаже поврзаноста помеѓу шаманите и палеолитската уметност, допирајќи ја преку тоа нивната духовност и религијата, ако воопшто може да стане збор за религија во палеолитот.

Со оглед на тоа што поголемиот дел од оваа уметност (се мисли пред се на доцнопалеолитската, но тука спаѓаат и подоцнежните периоди) исполува комплексни социјални и уметнички карактеристики, се покажала потребата од нејзина интерпретација. А желбата за интерпретација на ова поле е прилично моќна и веќе еден век се кршат научните копја која од теориите ќе надвладее. Во летото 1988 година, во престижното списание Current Archaeology излезе написот ‘The signs of all times‘. Авторите David Lewis-Williams и Tomas Dowson предложија еден нов модел за интерптретација на оваа уметност, кој на почетокот беше примен со голема скепска. Сега веќе поголем дел од научниот свет се сложува со теоријата за примена на невропсихолошкиот модел во интерпретација на доцнопалеолитската уметност. Но за David Lewis-Williams, ентоптите, племето Сан, халуциногените дејствија и состојбата на поинаква свесност при содавањето на уметноста можеби во некоја друга прилика.

Ние немаме шамани, ама имаме фармери чија процедура за апсењето поради поседување на лековити халуциногени супстанци се случи за помалку од 24 часа, а притоа забораваме дека ентоптички феномени создадени при поинаква свесност се покажале како патеводителка за добробит на целото човештво и благодарение на нив се толкуваат почетоците на уметноста. Но ова е веројатно тип(к)олошка грешка. Cannabis s(T)ativa во Македонија? Ох, значи мора да се многу мртви, да ги повикаме на помош археолозите!

Анси, а не си? Сепак се е само оптичка илузија. ;)

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here