Дома Археологија Фестивал на британската археологија

Фестивал на британската археологија

2,823 views
1

Фестивалот на британската археологија (или FOBA) е 16 дневен спектакл на археолошки тематски настани во Велика Британија. Почна вчера и ќе трае до почетокот на Август. Се одржува секоја година прикажувајќи го најдоброто од британската археологија преку презентација на илјадници настани кои се организираат и одржуваат од страна на музеите, локалните самоуправи, националните и регионалните паркови, универзитетите и организациите за културното наследство во Велика Британија.

Овој настан има свој веб сајт кој е пропратен со сопствен интерактивен блог, како и сметки на фејсбук и твитер кои се постојано апдејтувани. Се посочува дека особено треба да се внимава на веб страницата, за да луѓето најдат настан кои се случува блиску до нивното место на живеење, а потоа на било каков начин партиципираат во неговата реалзизација.

Фестивалот го покажува најдоброто од британската археологијата со презентирање на стотици специјални настани кои се организираат и одржуваат од страна на Фестивалот, и притоа им дава на посетителите можност да дознаат повеќе за нивното локално наследство, да ја видат и доживеат археологијата во акција, и да се вклучат интерактивно во настаните. Настаните пак, во временски рок од две недели, се движат од ископувањата отворени денови, каде зад сцената може да си направат обиколки семејствата, работилници каде самите со свои раце треба да создаваат артефакти, перформански, изложби, клубови за најмладите аматери археолози. Сето тоа е на некаков начин поврзано со британската археологија.

Заклучок:

Кога ги гледам Британциве вака организирани, ми доаѓа да си пукнам од мака, оти македонските археолози едвам успеваат да се организираат на секои две години да направат симпозиум (не дај боже нешто повеќе), публикациите од овие конференции доцнат со години, а на последниот собир на МАНД кој се случи во Кичево, од се уште нејасни причини за мене, немаше ниту еден медиум. Ако сакаме популаризација на археологијата, не смеат да се прават вакви пропусти. Имаме добри модели кои можеме да ги следиме, а во најмала рака нема да биде лошо и да ги копираме. Ќе испадне дека за џабе поминаа толку пари низ македонската археологија во последните неколку години, кога сме се уште заглавени во времето (идеолошки и практично), исто како и науката која ја проучуваме.

1 КОМЕНТАР

Leave a Reply to Tweets that mention Фестивал на британската археологија » Археолошки дневник vol.2.1/2 © -- Topsy.com

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име