Home Антропологија Блогот како етнографска белешка

Блогот како етнографска белешка

1,056 views
0

Ако информациите за археологијата во Македонија во отсуство на научни трудови на толку ‘копање’ се сведени само на штура информација или евентуално не дај боже некое шуби-дуби склепано интервју, тогаш податоците за етнологијата комплетно отсуствуваат.

Во последните две децении етнологијата се стави на најниските можни гранки и на маргините од интересот, научен, општествен и медиумски. Ако се дадеше барем 1/10 за етнолошките теренски истражувања од она кое го добиваат археолошките ископувања, верувам дека ефектот ќе беше огромен. Инаку што мајка би барале етнолозите во една држава која и самата не знае да се препознае во наука од која би имала најголем бенефит. Да не го отворам дополнително прашањето во кое фактите зборуваат дека по квантитет и квалитет повеќе етнологија може да се сретне кај блоговите, отколку во етнолошките научните трудови кои чекаат со години да добијат средства за да се објават.

Деновиве добив покана од колегите етнолози да им се приклучам со научни текстови во нивниот ‘Зборник’ и музејскиот ‘Етнолог’. Ја почитувам етнологијата како наука која е нераскинливо поврзана со антропологијата, археологијата и историјата. Имам јас идеи и текстови на претек. Но еве гласно размислувам дека една од темите навистина би можела да биде ‘Блогот како етнографска белешка‘ ….

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here