Home Археологија Моето гостување во Алфа Телевизија

Моето гостување во Алфа Телевизија

1,691 views
3

На покана од господинот Љупчо Димитровски, пред некој ден бев гостин во жив линк, во утринската програма на Алфа Телевизија. Темата бешe културното наследство на Македонија, секако со акцент на археологијата. Во моментот на вклучувањето во програмата, јас бев на своето работно место, археолошкото ископување на локалитетот Тауресиум, во селото Таор, кое се наоѓа на 20 километри од Скопје. Во краткиот разговор поминавме низ многу теми. Секако, неизбежна беше онаа за медиумската презентација на археолошките наоди, пред тие да бидат публикувани, и кога тоа ќе се случи, со оглед на интензитетот и капацитетот на археолошките ископувања кои моментално се одвиваат во Република Македонија. Ви посакувам пријатно слушање, интервјуто е сосема кратко. 🙂

[soundcloud]http://soundcloud.com/arwena/alfa-tv-2010-05-12-08[/soundcloud]

3 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here