Home Археологија Пушките кремењачи од Сараиште, дел од европското културно наследство

Пушките кремењачи од Сараиште, дел од европското културно наследство

4,592 views
1

Нема документирани докази за тоа кога или каде искрите од кремен биле прв пат употребени да го запалат барутот кај пушките кремењачи, но познато е дека тие веќе биле користени во Франција околу 1600 година. Сепак, постои писмен запис за една нарачка упатена кон делкачите на кремен од Лондон во 1661 за да обезбедат 15.000 ‘кремени’ за гарнизоните во Тангер (Мароко) и Ирска.

На почетокот на Наполеоновите војни на девет мајстори-делкачи на кремен од Брендон, Англија од страна на Одборот им била направена нарачка за околу 360.000 кремени месечно, во годишна вредност од £ 4500. Во 1813 четиринаесет мајстори за кремен биле ангажирани со договор за да обезбедат месечно околу 1.060.000 кремени за мускети, во вредност од околу £ 18,000 годишно, давајќи можност за вработување на 160 делкачи и рудари.

Scene inside a Brandon workshop in the 1870s, engraved after a photo for Skertchly. The various stages of the manufacturing process were tossed into barrels, and barrels were also used for shipping the finished gunflints.
(taken from @Mike Pitts)

Брендон како локација била позната уште од праисториско време по неолитските копови за кремен и со текот на милениумите нејзините жители станале вешти практиканти на овој занает. По завршувањето на Наполеоновите војни, остатокот од кремените за пушките кремењачи биле извезени во Северна и Јужна Америка, Африка, Нов Зеланд, Шпанија, Русија, Кина и Малаја. За време на Кримската војна Брендон обезбедувал околу 11.000.000 кремени годишно за потребите на турската армија, и во тоа време имало вработено три мајстори и триесет и шест луѓе кои делкале кремен. Кременот од Брендон се’ уште бил во употреба во Абисинија во 1935 година, па дури и во 1950 година околу 2.000 кремени се делкале секој ден, главно за извоз во Африка.

Рудник за кремен во Брендон и Mr H. Field како делка кремен  околу 1930
(picture courtesy of @FROM FLINT AXE TO GUN FLINT)

Што всушност претставуваат овие работилници од Брендон, Англија? Тие во 18 и 19 век ја отсликуваат експанзијата на европската трговија, култура и агресија низ земјината топка, преку тогашната употреба од кремени делкани парчиња, потребни за пушките кремењачи. Дел од ова европско наследство беше откриено во 2007 година во Охрид, кај месноста Сараиште, во форма на депо од пушки кремењачи кои потекнуваат од 18 и 19 век. Никола Целакоски, историчар од Охридскиот завод и музеј, раководи со проектот за вадење на ова депо од пушки кремењачи уште од 2007 година, а деновиве се почна со вториот дел од проектот за извлекување на старото оружје од дното на Охридско Езеро.

фотографијата е превземена од @Inpress

Според историчарот Никола Целакоски, постојат повеќе причини, односно претпоставки поради кои оружјето е фрлено во езерските води (промената на системот на вооружување на Отоманската власт; запленето односно предадено оружје во периодот по Илинденското Востание и ослободување од оружјето од страна на крајбрежното население). Независно од понатамошниот исход на истражувањето, сметам дека податоците за потеклото на пушките кремењачи од ова вредно депо се од огромно значење поради повеќе причини. Склопувањето на мозаикот како последица од цивилизациските интеракции помеѓу народите во минатото, може да придонесе да се расветлат некои историски моменти на овој дел од Балканот. Исто така ова е многу добар начин да се збогати и подоцна проучи една колекција на оружје која припаѓа на ист временски период. Интересна ваква колекција на пушки има во Поморскиот музеј во Котор, Црна Гора, па би било добро да се направи компарација на артефактите.

U ovoj prostoriji na 17 tabli prikazano je hladno i vatreno oružje u razdoblju od XVII-XIX vijeka. Oružje je uglavnom orijentalne provenijencije, a koristili su ga stari Bokelji u borbama na moru protiv gusara.
coutresy of @Museum Maritimum

Но она коешто ме интересира мене, е всушност потеклото на кременот во овие пушки, доколку во примероците од Сараиште се зачувани делови од овој минерал богат со силициум диоксид. Се уште не сум пошла до Охрид за да ги погледнам пушките, но конкретно, би сакал да истражам дали кременот кој се употребувал за овие пушки кремењачи е од локално потекло (што би укажало на локални рабитилници за кремен во Македонија или на Балканот), или е можеби увезен, како што е примерот со кремените од Брендон, кој ја снабдувале скоро 200 години Отоманската имерија со своите продукти.

фотографиите се превземени од @Freedom Fan Club

Делкањето на кремен во Македонија за свои потреби луѓето го практикувале до осумдесеттите години од 20 век (најчесто за палeње на чакмак со кремен). Официјално, земјоделските справи именувани како трибулуми, се користеле на територијата на Македонија се до 1954 година, но тоа не подразбира и дека кремените се делкале токму до тогаш, од причина што тие може во овие справи да биле вметнати и децении претходно.

Во секој случај, интересот за кременот (или каменот воопшто) како моја субспецијалност во археологијата се движи со несмален интензитет и од посебен интерес се токму пушките кремењачи пронајдени во депото кај Сараиште, во Охриското езеро.

1 COMMENT

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Vasilka Dimitrovska, Aleksandar Shulevski. Aleksandar Shulevski said: RT @Arheoblog: [нов блог пост] Пушките кремењачи од Сараиште, дел од европското културно наследство http://bit.ly/dd0sKE […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here