Дома Книги и литература Прирачник за туристички водичи

Прирачник за туристички водичи

4,132 views
2

Во последните година-две се намножија професионалните туристички водичи во Република Македонија, благодарение на тоа што лиценците (преку полагање на испити) покрај Факултетот за туризам во Охрид, почна да ги издава и Приватниот факултет по туризам во Скопје. Исто така сите суденти кои завршуваат на втората институција, заедно со дипломата автоматски ја добиваат и лиценцата за водич. Дали тоа така навистина треба да биде, не е предмет на овој текст. Овдека би се задржала на темата е дека квалитетот на туристичките водичи не е во сразмер со квантитетот кои се прозиведува како на фабричка трака.

legitimacija-za-vodic

Како изгледa официјална легитимација за туристички водич

Не постојат униформни информации лишени од политички вратоломии, кои туристичките водичи треба обавезно да ги кажат, оти немало ни од каде да ги научат. Дистрибуцијата на брошурите изработени од општините исто така е некаде затаена на патот помеѓу шокот на локалната самопурава која според новиот закон е надлежна за природното и културното богатство на својата територија, па се до непостоење на официјални интернет страници како начин за сопствена презентација и промоција. Повеќето од туристичките водичите се самоуки, што не ни одговара како државна стратегија во спрегата помеѓу туризмот и културното наследство. Многу често некои од нив ми се обраќаат лично или ми пишуваат на некоја од социјалните мрежи, за да им помогнам во врска со одредена локација.

Не велам дека го поседувам сето знаење на овој свет. Но, еве, ако некој се нафати да ме спонзорира, ќе седнам и ќе напишам Прирачник за туристички водичи. Јас веќе со години работам за каузата на прииродното и културното наследство на Македонија, промовирајќи го на интернет и надвор од него, во научниот свет. И сакам тоа да се популаризира на најкоректниот можен начин, кој воедно ќе придонесе и да се подигне нивото на квалитетот во знаењето кај професионалните туристички водичи. Та нели толку години се боревме странски водичи да не ни го рушат угледот со своите научни комбинации, па кога веќе имаме можности, зошто тие да не бидат искористени. Сеедно ми е дали спонзорството ќе дојде од некоја државна/приватна фирма, институција или политичка партија. Ветувам дека ќе направам прирачник за туристички водичи каков што не постоел. Бидејќи навистина, не за друго, ама рака на срце, до сега и воопшто го немало. 🙂

[youtube]-dhvYXYbq-s[/youtube]

Би сакала да прашам, толку ли е тешко да се направи на пример една ваква презентација за нашата култура, без да се трошат стотици и илјадници евра. И мораме ли постојано нешто или некого да копираме? Па ако веќе тоа го правиме, нека биде од најдобрите.

2 КОМЕНТАРИ

  1. И јас сум лиценциран водич и се согласувам дека треба да има професионалност во работењето како туристички водич, ако вие сте археолог јас сум етнолог со многу знаење за традицијата на Македонија и македонскиот народ.
    За да се избориме за тоа што го сакаме не треба да бидеме пасивни туку еве предлог да направиме невладина организација и да делуваме професионално и парите за прирачникот ќе дојдат така. Поздрав

Leave a Reply to Tweets that mention Прирачник за туристички водичи » Археолошки дневник vol.2.1/2 © -- Topsy.com

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име