Home Археологија Колку чини казна за фрлен пикавец врз културно наследство?

Колку чини казна за фрлен пикавец врз културно наследство?

4,043 views
5

Не знам од каде да почнам да ја елаборирам својата разочараност од третманот кон сопственото културно наследство. Можеби од вчерашната тура на која ги поведов моите драги пријатели, држејќи се до итинерарот Кокино – црквата Св. Ѓорѓи (Старо Нагоричане) – Етно-село (ресторанот) и на крајот Меморијалниот центар во Пелинце.

И веројатно се би било во најдобар ред, доколку вчера не побеснев на Кокино кога видов дека посетителите пушат цигари на ‘платформата’ и ги гасат пикавците од ‘престолите’, додека платениот чувар во маица синдикалка се сонча и врти чачкалица низ забите ко цајкан швалер. Ја опоменав госпоѓата, но за да не изигрувам Хитлер кога се однесува до нашето културно наследство, документирав и решив мојот револт јавно да го изразам на интернет.

Стајлингот на официјалниот чувар на Кокино

Во моментот на посетата на Кокино, не бев во својство на археолог, ниту на туристички водич, туку во својство на посетител, кој ете сака да помине пријатен викенд со своите пријатели покажувајќи им го културното наследство на Македонија. Што го расипува впечатокот на Кокино? Недостатокот на сигнализација, трасирање на патеките по кои треба да се движат посетителите, табли со опомени за фрлањето на отпадоци и корпи за ѓубре и најсетне, опомена дека родителите се одговорни за своите деца. На ова би требало да се надоврзе фактот дека нема официјално лице кое треба да ви објасни што да гледате во купот на карпи, оти Кокино како археолошки локалитет има природно геолошко потекло и претставува остаток од купа на еден помал вулкан.

Кокино е една прекрасна локација која официјално беше прогласена за културен предел. Се бориме истата да ја ставиме на листата на УНЕСКО, а притоа дозволуваме пред нашите очи да се уништува. Но Кокино е ништо во споредба со она што му се случува на Меморијалниот центар во Пелинце посветен на Асном, а изграден и пуштен во употреба во 2004г. Повторно куп отпушоци и деца како играат фудбал на платформата каде многу работи, пред се керамичките плочки, се оштетени. Малку фали некој фин центаршут да заврши во прекрасниот мозаик изработен од Корубин и Пенушлиски

Отпушоци од цигари врз и околу престолите на Кокино

Додека се докажува дали е или не е Кокино праисториска обсерваторија (мегалитска секако не е), треба да се направи долготраен план како овој локалитет да се заштити од временските, но пред се од материјалните уништувачи. Бидејќи Кокино е археолошки локалитет за кој знаеме дека нема да се повтори во историјата на човештвото, оти факт е дека секој локалитет било каде во светот сам по себе е уникатен и оригинален. Не можам да прифатам и не сакам да прифатам ваков третман на нашето културно богатство. Која трагедија од народ сме ние. Како да ни го почитуваат другите нашето културно наследство, кога самите не си го почитуваме. Зошто нашите сограѓани кога патуваат надвор од Македонија, по градовите и локалитетите се однесуваат пристојно, а дома се како багра! И како за крај, би сакала да ве прашам нешто. Ако за фрлање отпушок на улица се плаќа 50 евра казна, колку треба да чини казната за фрлање отпушок врз културно наследство и негово уништување?

5 COMMENTS

  1. Se vadam od takt koga ke vidam takvo nesto na obicno mesto, a uste poveke koga se zagaduva nacionalno bogatstvo. Sepak – tvrdam deka so sproveduvanjeto na maksimata “Udri go gragjaninot po dzebot za da mu go doteras pametot” sigurno ke vrodi so plod. Eden den. Se nadevam nema se da unistime dotogas.

  2. Vase, nema drugo care osven da “skoknes” vo POLITIKA (kako onaa kolumbisko-libanskata peacka sto skoka od stena vo Pacifikot) i DA DELUVAS od TAMU (samo molam ne kako tvojata “koleska” nekoja Eleonora Petrova, mislam deka e Cincarka koja namesto da zboruva za arheologijata zamisli DRNDA za RIBITE-za potocnata pastrmka vo Ohridskoto Ezero deka navodno bila “endem” saka da kaze deka jas treba da si ja skinam diplomata za magister po hidrobioloski nauki potpisana od rektorot na Sveucilisteto vo Zagreb)

  3. Draga koleske, vo konteksot na ovoj tekst bi sakala da dopolnam i da go iskazam mojot revolt i kon NASITE KOLEGI ARHEOLOZI koi sto ги гасат i frlaat пикавците nasekade dodeka rabotat…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here