Home Археологија О, книги многубројни, што вие направивте за мојот народ…

О, книги многубројни, што вие направивте за мојот народ…

1,219 views
0

Со години јас и уште неколку (по)млади колеги кои во меѓувреме дипломираа, се бориме да ја поставиме македонската археологија на интернет. По арно, по лошо, важно оставивме записи на повеќе јазици за нашиот дигитален “културен” идентитет.

Последниов период се почесто ми се врти идејата за дигиталните идентитети. Во блиската иднина со уште понапредната технологија, ќе дојде време кога со дигиталните записи ќе се бришат идентитети, лични и колективни. Поточно, ако сам не се ставиш на интернет, ќе бидеш избришан од меморијата исто како и да не си постоел. Нас се уште не нема во таа меморија. Не знам што чекаме? Да се случи некоја катастрофа како на Хаити и комплетно да не збрише пред да оставиме било каков запис дека сме постоеле?!

Да беше умна оваа Влада, наместо да вложува во бесконечи археолошки ископувања од кои се’ уште нема публикувани резултати, можеше да вложи во интернетот, поставувајќи не на мапата на светот. Зошто не постои подобар доказ за тоа дека еден народ постои, освен ако не остави запис за себе. Подобро виртуелна Македонија, отколку никаква Македонија! Не благодарам, никако промена на името, јас СУМ и ќе останам Македонка!

Во однос на ископувањата, би било навистина грев да се даде било каква критика, оти толку многу ископувања колку што има сега за една година, немало заедно за 40 години. Сепак, се’ уште ни недостасува вториот и третиот чин од археолошката дејност, а тоа е научно истражување и презентацијата на археолошките откритија пред јавноста. Или што би рекол Рајко Жинзифов: ‘О, книги многубројни, што вие направивте за мојот народ…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here