Дома Културно наследство Хитлеров молк – експертите по културно наследство бегаат од новинарите

Хитлеров молк – експертите по културно наследство бегаат од новинарите

3,339 views
2

Насловот на овој пост е всушност дел од написот ‘Додека сонуваме за барокното Скопје 2014, пред очи ни пропаѓаат вредностите на милениумската Македонија‘, од авторот Владо Апостолов, новинар и блогер. Oбјавен e на 16.04.2010, во неделникот Фокус.

Мене лично многу ме погоди ова констатација бидејќи е и отповеќе јасно дека македонската археологија се движи помеѓу локалното и глобалното, националното и универзалното, меѓу потребата да се зачува сопствениот идентитет и потребата да се биде дел од големата културна синтеза на Запад. Со акцентирање на фактот дека во последните неколку години оваа професија во Македонија ја достигна својата оргазмична пермутација во многу варијанти, од кои секако најпрофитабилна е онаа во која “молчењето е злато”. Поради професионалната природа на својата одговорна работа, археолозите се должни и имаат обврска да излезат во медиумите со јасен став во однос на некое случување. Со тоа што не се искажува јавно ниту еден став, се манипулира со културното наследство кое не смееме да заборавиме дека му припаѓа на целиот свет.

објавено во Фокус, број 772, 16.04.2010 (стр. 26)

Постојат многу причини зошто своевремено го отворив  Археоблогот. Оти полошо од тоа да не дадеш изјава во свое име, е некој друг да ја даде изјавата во твое име.

2 КОМЕНТАРИ

  1. […] Музејот уште неизграден предизвика многу рекации во јавноста, но изостанаа јавните реакции на оние кои беа најпотребни, на историчарите и луѓето кои се занимаваат со културното наследство. Во последното десетлетие освен по блоговите, форумите и по некоја ‘неутрална’ колумна, кај народот латентно се вдоми изреката Homo homini silentium est! (Човек на човека молк е!), па со ретки исклучоци, скоро и да не може да се прочита критичка рецензија за некој проект или настан, бидејќи експертите по културно наследство бегаат од новинарит…. […]

  2. […] Музејот уште неизграден предизвика многу рекации во јавноста, но изостанаа јавните реакции на оние кои беа најпотребни, на историчарите и луѓето кои се занимаваат со културното наследство. Во последното десетлетие освен по блоговите, форумите и по некоја ‘неутрална’ колумна, кај народот латентно се вдоми изреката Homo homini silentium est! (Човек на човека молк е!), па со ретки исклучоци, скоро и да не може да се прочита критичка рецензија за некој проект или настан, бидејќи експертите по културно наследство бегаат од новинарит…. […]

Leave a Reply to Краток осврт кон Музејот на македонската борба

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име