web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs

Blog in english

Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community

PostHeaderIcon Изјавата од мојот сајт за тужбата со издавачката куќа Нампрес, осамна во медиумите

Пред една недела напишав дека со помош на мојот адвокат м-р. Бангиевски Владимир, по судски пат ќе си го барам авторскиот хонорар кој издавачката куќа Нампрес ми го должи како рецензент на книгата „Принципи на археологијата“ од Даглас Прајс. Во вчерашниот број на весникот Време, во контекст на написот Владата „штанца“ неупотребливи книги, искористена е изјавата од постот кој специјално за оваа пригода го подигнав на интернет. Ова чисто во контекст да се знае колку моќни медиуми се интернетот и сајтовите за социјално вмрежување.

Би сакала да напоменам уште еднашка, дека за разлика од изјавата во статијата на Време, издавачката куќа Нампрес ниту ми понудија да склучат договор, ниту пак имаат авторски договор со мене за извршената рецензија. Оваа изјава ја давам јавно, за случајно да не им текне да ми го фалисфикуваат потписот доколку дојде до судски процес. :)

Инаку, се’ уште во оптек е опомената пред тужба, што ја подигнав na 09.04.2010 кон издавачката куќа Нампрес за ненамирени авторски долгови во однос на мојата рецензија. Рокот од 8 дена набрзо ќе истече и доколку дојде до официјална тужба, ќе се радувам се во врска со процесот да подигнувам на интернет. Има да научат еднаш засекогаш во оваа држава дека постојат и луѓе како мене, достојни на своите принципи, исто како насловот на книгата која ја рецензирав. :)

Клучни зборови: Nampres, Nam press, Нампрес, Нам Прес, издавачка куќа, Izdavacka kukja, Скопје, Skopje

One Response to “Изјавата од мојот сајт за тужбата со издавачката куќа Нампрес, осамна во медиумите”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива