Дома Археологија Светско културно наследство: Кахокија – изгубениот град на Америка

Светско културно наследство: Кахокија – изгубениот град на Америка

2,660 views
0

Одамна сакам да си направам белешка за Кахокија (Cahokia), една од многуте фасцинантни цивилизации на територијата на САД која како дел од т.н. Мисисипи култура егзистирала на американското копно пред доаѓањето на Европјаните.

Проектот ФМП-270 во источен Илиноис, бил еден од најголемите проекти во историјата на САД при изградба на автопат со шест ленти конструиран како дел од долгорочното проширување на системот за транспорт, посебно околу Сент Луис, Мисури. Областа по текот на реката Мисисипи е позната како “American Bottom” и лежи на југ од слевањето на реките на Илиноис, Мисури и Мисисипи. Eкстремно богатата земја вклучувајќи мочуришта, рибници, шуми, и влажни прериски пасишта придонела луѓето од минатото да го населат овој дел каде ќе биде подигнат локалитетот Кахокија, кој денеска е Светко културно наследство ставено под заштита на УНЕСКО.

Кахокиа е всушност локацијата на еден од најголемите, создадени од човекот, земјени тумули во Северна Америка. На својот врв помеѓу 1050 и 1250, Кахокиа била најнаселената локација северно од Мексико и веројатно имала популација поголема од 30.000 луѓе. Но Кахокија не е само еден локалитет, туку вклучува повеќе од 100 земјени тумули, станбени простори, плоштади, и многу други додатоци во дијапазон од 16 км2. Огромниот т.н. Монашки Тумул има темел од речиси 300 х 250 м, или приближно 7 хектари, и се издига 4 спрата на висина до 30 метри. Оваа пирамида од земја е најголемиот праисториски тумул во САД и Канада.

[youtube]oAqMiO8ItrM[/youtube]

Некогашниот моќен град Cahokia, веројатно првата американска метропола, сега лежи под автопатиштата и околните населби на модерниот Сент Луис. Поголем од средновековниот Лондон за време на неговиот процут пред илјада години, Cahokia е неверојатен успех на една цивилизација. Таа го испишува едно од најинтригантните поглавја во историјата на Северна Америка, откривајќи ги тајните на овој урбан центар и мистериозни луѓе кои ги замислиле и изградиле огромните градежни проекти, неверојатно софистицираните уметнички дела и оставиле остатоци од застрашувачки ритуали на жртвено варварство. Оваа култура која изчезнала “одненадеж” и ден денска е предмет на истражувања кои се обидуваат да се доближат до човечкиот ум кои ги создал сите тие митови, мистерии и споменици.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име