Дома Туризам Списанија: FTG – FREE TIME GUIDE

Списанија: FTG – FREE TIME GUIDE

1,659 views
0

FTG (FREE TIME GUIDE) е единственото списание од областа на туризмот, патувањата, одморот и забавата на англиски јазик во Македонија, наменето како за домашните, така и за странските туристи. Покрај афирмацијата за нашето културно-историско и природно богатство, ова списане ја надополнува својата мисија со написи кои честопати имаат едукативна содржина. Во него исто така можат да се најдат и предлози за тури кои се во согласност со временскиот период од годината кога списанието излегува, што само укажува на вниманието кое го вложува тимот во неговата изработка. Информациите им отвораат можност на луѓето лесно да менаџираат со нив, но и со своите финансии и време како би ги задоволите своите потреби од областа на туризмот.

Бр. 22, февруари 2010 г.

Во Македонија исто така постои уште едно списание за патувањата, одморот и забава насловено како Travel Info. Но ова списане за сега е повеќе ориентирано кои пазарот на туризмот надвор од Македонија, па и неговите содржини се во врска со промоцијата на тие дестинации.

Бр. 14, јуни 2009 г.

Генерално, на пазарот за туризам за сега постојат овие две списанија и одвреме навреме ќе се појави по некој водич со различна тематика, како резултат на некој проект, но не и резултат на подолготрајно менаџирање во сферата на туризмот. Постојат многу субјекти во Македонија кои се бават со туризам, вклучувајќи ги тука и факултетите (државниот и приватниот), но презентацијата на нашето културно и природно наследство, традиција и култура, се уште не го достигнала задоволителното ниво, како во реалниот, така и во дигиталниот свет.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име