Home Археологија Локалната самоуправа, важен фактор во сферата на културното наследство

Локалната самоуправа, важен фактор во сферата на културното наследство

2,214 views
2

Нешто пред Нова година, наспроти отворањето на Големата археолошка изложба 2009/2010 во Музеј на Македонија, бев гостин во жив линк на Канал 5 телевизија со директно вклучување во првите дневни вести од 11ч. Целта на разговорот кој траеше околу петнаесеттина минути беше Како да се заштити археолошкото богатство, а притоа општините да превземат дел од одговорноста, бидејќи стануваат се поважен фактор во областа на културното наследство.

Подоцна, во попладневните и вечерните вести отиде намонтиран прилог со дел од моите изјави во компилација со краток преглед на изложбата. Да не должам нашироко, поентата на овој пост се заснова на фактот дека локалната самоуправа некако неспремно го дочека теретот во форма на културно наследство, на кој полека се навикнува. Општините почнаа да играат се поважна улога и да стануваат важен фактор во процесот на детерминирање, презентација но и заштита на нашето природно, културно и духовно наследство. Првиот потег го направи општината Кисела Вода со збирката предмети во форма на етно-музеј, пропратени со каталог кој може да се симне од нивниот веб сајт. Следна на тест е локалната самоуправа на Кавадарци на чиј терет годинава падна организацијата како град на културата во Македонија за 2010 година.

Досега локалните самоуправи многу ретко се изјаснуваа околу оваа тема. Но со новите одредби на Законот за заштита на културното наследство, покрај музеите и конзерваторските центри (ребрендираните заводи), за културното богатство кое потекнува од одреден регион задолжени се и самите општини, кои треба да управуваат и да менаџираат со него. Со други зборови, локалната самоуправа во нашето совремие игра една од клучните улоги во заштита на културното наследство. Оваа нова улога затекна поголем број од општините во Македонија, кои не се спремни да го аплицираат сето ова најмногу поради недостаток на стручен кадар.

Примерите со управувањето на историското и културното наследство од страна на општините во другите земји се покажало како добра практика, но сепак се препорачува на сите локални власти дека треба да ги имаат во предвид експертите кои професионално се бават со оваа област, а најмногу оние од сферата на менаџментот.

Во моментов за пофалба е тоа што постојат многу повеќе веб страници на единици од локалната самоуправа каде се поставени информации за културното наследство на нивната територија, отколку што постојат веб страници на локалните музеи и конзерваторски центри, на кои тоа им е всушност работа.

Поврзани текстови:
Како локалната самоуправа се справува и менаџира со своите културни ресурси
Од другата страна на археологијата – општините како фактор во заштита на културното наследство

п.с. Канал 5 ми го утнале презимето во прилогот, ама мислам дека ќе преживеам! 🙂

2 COMMENTS

  1. […] новиот закон потпаднаа по локалната самопурава. Таа е субјектот кој треба да менаџира со културните и археол…, оти мораат сами да го направат маркетингот доколку […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here