Како дел од приказната по повод 20 години од постоењето на Интернетот, македонскиот сервис на BBC почна да пишува одредени статии во кои се вклучија и некои македонските блогери со свои изјави. Интернетот го смени животот на современата цивилизација во приказна со непознат крај и секој од нас има лична причини како дел од колективната шема поради кои ја користи можеби една од најдобите цивилизациски придобивки. Темата ја иницираше Развигор, ја започна Мите, ја отворија Дарко и Марјан со свои постови, а јас продолжувам во сличен стил:
Да не постоеше интернетот:
1. Немаше никогаш да научам да блогирам а со тоа да ги споделувам јавно моите ставови и размисли за културното наследство и археологијата.
2. Немаше да издадам книга со текстови исклучиво напишани онлајн.
3. Немаше никогаш да ги откријам алатките на новите медиуми како уште едно поле во процесот на детектирање, презентирање и заштита на културното наследство, и со тоа и да имам ефект врз јавното мислење на граѓаните.
4. Немаше никогаш да се појавам на телевизија.
5. Немаше да комуницирам со толкав обем и брзина и да запознаам прекрасни луѓе од кои некои ми станаа лични пријатели или професионални соработници.
Да не постоеше интернетот ќе останев само уште еден обичен археолог во морето на непознати и анемични археолози во Македонија чиј глас воопшто не се слуша, а уште помалку се почитува. Во 2.0 светот, посебно во блогосферата едно од непишаните но најважните правила е интерлинкањето. Па ако веќе го правам ова по сите тертипи, тогаш ги повикувам Окиморон, Гершанина, Џаман, Волан и Букарски да кажат што тие би правеле да го немаше интернетот и како тој им го смени животот.
Апдејт: се приклучија и Рибаро, Киху Потру, КузманОв,
6.Nikada ne bi dosla sa online drugarima u realu u Bor!!! 🙂 😛
Ех Деда, тоа го заборавив, ама може да се вброи во петката некако … 🙂
[…] не постоеше интернетот ќе останев само уште еден обичен археолог во морето на непознати и анемични археолози во […]
Да не постоеше интернет….. ќе шетав повеќе наоколу, и подобра домаќинка ќе бев, и немаше да изгледам луда кога се смеам сама пред монитор 🙂
Окси,
Да не постоеше интернет ….. немаше никогаш да се викам Arwena 😀
[…] Василка Димитровска […]
[…] Археоблогот […]
[…] Василка Димитровска […]
[…] Василка Димитровска […]
[…] јавувам на повикот од Арвена. Радо. Ама не одеше глатко отповикот. Одиме на темата .. […]