Дома Антропологија Мартинки – Среќна Баба Марта

Мартинки – Среќна Баба Марта

29,001 views
11

Во народниот календар на Шопско-Брегалничката етнографска целина, овој празник, речиси секогаш се поврзува со приказната со познатиот мотив за смрзнувањето на бабата, која ги истерала своите кози и јариња на планина да пасат, неплашејќи се од студот. Tаа дури и се подбивала со Сечко: ,,Тиц коза јарина, серам Сечко брадина”.

Пред две години во бројот 22 на весникот од општина Аеродром (стр.8,9) прочитав како градоначалникот на оваа општина за 1 март во училиштата делел мартинки. Од древнините до денеска овој обичај кај македонскиот народ се задржал делумно во одредени региони. Според сведоштвата на македонските блогери, како и коментарите кои ги добив на мојот блог и профилот на фејсбук, овој обичај бил запазен во Преспа, во Скопје, во Струмичко, како и кај македонците кои живеат во Егејскиот дел на Македонија, Солунско, Костурско и Воденско.

Поради одредени активности кои ги превземала владата додека Македонија вила во рамките на поранешна Југиославија, кај луѓето кои не го практикувале овој обичај во рамките на својата фамилија, постои верување дека мартинките се бугарски обичај, со кој не би се сложила. Мојата баба која дошла по Втората Светска Војна од Егејскиот дел на Македонија (Солун) овој обичај го донела со себе и мојот татко памети како им плетела мартинки за да ги носат на реверот од кошулите или евентуално околу раката. Обичај кој таа го наследила од својата мајка, а таа од својата баба … Мојата мајка која е од Скопје исто така како мала памети дека добивала на поклон мартинки од нејзината баба од Тетово или пак посебно носени од Бугарија.

Кога бев дете, мојата мајка ми врзуваше Мартинка, како симбол на доаѓањето на пролетта. Не сите во комунизмот се плашеа и бегаа од старите обичаи 🙂 . Ова не е стар, туку древен македонски обичај а корените му се далечни, антички. Истото го правам, со моите синови денес. Впрочем и во македонската народна носија преовладуваат белата и црвената боја. Овие две бои се присутни во целиот македонски фолклор.

Коментар на блогерката Fortuna

Ме заинтригира еден коментар оставен на еден блог од извесен бугарски читател (за жал повеќе не постои поради менувањето на платформите) кој тврдеше дека мартинките се исклучиво уникатна бугарска традиција. Ова предубедување за бугарското потекло на мартинките пред се е поради фактот што овој стар обичај додека останал жив во Бугарија, бил сосема подзаборавен од граѓаните на Република Македонија и напуштен некаде кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од 20-от век за времето на комунизот кога се забранувале или рестриктирале поголем број од духовните обичаи почитувани на оваа територија со столетија.

Kупувам мартинки пред да појдам на изложбата на Пикасо
Софија, 14 Февруари 2009

Но за среќа би рекла дека носењето на мартинките во Бугарија познати како Мартеница, Романците под името Mărţişor го сметаат пак за свој древен обичај кој бил почитуван на територијата на Трансилванија, Бихор, Банат и Добруџа, па се до Молдавија, вклучувајќи ја и неа.

Kога бев мала(крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите редовно имав маритинка (кај нас ги викаат мартенички), ама едно ми е мистериозно-никако не знам кој и од каде ги носеше. И во струмичко се подразбираше да имаш мартеничка во март. Мама исто така ја раскажуваше прикаската за Марта и Сечко, дека Марта е единствен женски месец и не знае каков чешит да се направи (во смисла на променливоста на времето). Таа велеше: трс коза планина, серам Сечко брадина! I Сечко пуштил голем студ и Марта се смрзнала со козите некаде (некако ми е во сеќавање како да има во струмичкиот регион предел каде има камење кои се Марта и козите).

Се си мислам дека мама ја врзуваше мартеничката на некое од дрвјата во дворот. И мартеничките ги носевме на школо, нема врска комунизмот дека ги забранувал. Јас не потекнувам од егејскиот дел, а мама ги знаеше тие приказни уште од дете. Сакам да кажам дека веројатно е регионален обичај. Инаку, од моите пријатели од Бугарија секој 1. Март добивам честитка со текстот: Честита прва пролет. и мартеничка, се разбира. Денес мислам дека децата не носат веќе мартенички.

Коментар на блогерката lepangelina

Според одредени верувања ова легенда своите корени ги влече уште од антиката (1,2) иако неоспорен е фактот дека таа била почитувана на целиот Балкан, најисточно вклучително со регионот на Охрид чии траги останеле во помнењето на луѓето за да бидат преточени во песна. Толкувањето на овој празник потекнува оттаму дека Ксантика бил празник на природата, пролетта и цвеќињата, светлината и љубовта, празник на духовноста и убавината, будење на енергијата и почетокот на новиот живот.

Во Благоевградско, Малешево, Пијанец, Осоговија и Lакавица, постои обичај на eден вид на правење амајлии, познати под името ,,мартинки”, a поретко и како ,марти”. Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката. Кога се носи мартинката, таа не треба да се гледа, односно не треба да ја види сонце – ,,за да не те изгоре сонцето преку лето”.

Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Генрално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Секако дека постојат варијанти на тема, но ова е основата на обичајот.

Би сакала да го слушнам мислењето посебно на повозрасните луѓе кои ја паметат оваа традиција, бидејќи многу малку е останато во записите. Дури и на интернет кога ќе побарате, едвај ви дава по неколку линка за оваа тема, и тоа претежно од нашето совремие.

Мартинки

Мартинки од личната колекција на мојот брат


Останатите цитатите во текстот се превземени од статијата на Зоранчо Малинов, Традицискиот народен календар на Шопско-брегалничката етнографска целина (Скопје: Институт за фолклор “Марко Цепенков”, 2006). Фајлот може да се симне тука.

И за крај, како што велат адетите,

Среќен 1 Март
Среќна Баба Марта

UPDATE

Среќна Баба Марта 2014
Подарете им мартинка за среќа на најблиските

Martinki_Republic_of_Macedonia

Претходни текстовиCarnival in Strumica 2010
Следни текстовиИ ова е моето Скопје
Здраво. Моето име е Василка Димитровска, магистер по археологија, директор на ХАЕМУС, консултант, менаџер на наследство и сертифициран тренер по интерпретација на наследството. Читаш оригинални текстови на мојот личен веб сајт. Ти благодарам и го ценам твоето време посветено на моите белешки.

11 КОМЕНТАРИ

  1. Много интересна статия! У нас със сигурност се знае, че е български обичай, обаче това не значи че преди не е имало и по други места. За румънските мартеници знам, че ги носят само жените, докато при нас и мъже и жени ги носят, и по витрините на магазините ги слагаме и навсякъде другаде където се сетим. Иначе в Солунско е имало българско население, при това доста. Повсеместно е, така че е нормално да си го наричаме български, в Македония и в Румъния не навсякъде се прави, а в България март месец навсякъде можеш да видиш дървета с мартеници по тях. Примерно колегите ми македонци от университета не си спомням да са подарявали мартеници някога.

  2. Interesen post. Vo moeto semejstvo ne se pletele martinki, iako mi se dopagja simbolikata i veruvanjeto (spored edna moja koleska) deka tie gi odbivaat ‘stetocinite” i go cuvaat zdravjeto na toj sto gi nosi.
    Jas na moite deca im spletov martinki, a sekako neizostavno e i raskazuvanjeto na prikaznata za Baba Marta.

  3. Мартинката е пагански обичај. Баба ми плетеше во трите словенски бои (плава, бела, црвена) за први март. Со носи на лева рака додека не ја видиш првата ластовичка по што треба да ја ставиш под некој голем камен и да замислиш желба.

  4. […] Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Генрално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Секако дека постојат варијанти на тема, но ова е основата на обичајот. За македонската верзија на текстот кликнете тука. […]

  5. Да, се сеќавам дека баба ми плетеше мартинки, па мајка ми, сега сопругата плете на ќерка ми, а во школо учителката на учениците им стави мартинки на сите деца од прво одделение. Обичајот е во Струмица. Поздрав

  6. Естествен факт е, че Балканите са контактна зона на различни народи, които никога не са били изолирани помежду си и имат много общи обичаи и прилики в начина на живот, както и в националните кухни. Не винаги е лесно да се прецени у кой народ е “корена” на една традиция.

    В случая с мартениците, на Балканите те са разпространени в цяла България, и на места в Македония, Албания, Молдова и Румъния.
    Все пак, не трябва да се забравя, че в румънските земи – Влахия, Трансилвания и Молдова има силно българско влияние, свързано с използването на старобългарския език до 16 век, а пък кирилицата е азбуката, която се използва чак до средата на 19 век.

    На населението в днешна Македония ще оставя само да размисли с каква цел властта в Социалистическа Югославия не е толерирала обичая с мартениците.

    • Blgarin … Nikoj ne zabranuval vo komunizmot martinki toa samo se pretpostavuva deka moze vljael na opagjanje na popularnosta so ogled na toa deka vo makedonija of 95% nepismeno naselenie narodot po vtorata svetsk vojna so samoto ovbrazovanie I modernizacija na zivotot popularnosta na praznicite opadnala no ne isceznala nitu bila zabraneta …. Inace majkami I sestrite na tatkomi nosele martinki no samo zenskite deca bar vo skopje entaka stonznaci vo ton del obicajot e poblizok do rumunskiot kaj sto isto kako kaj nas Mislam go nosat devojki no ne I momcinja kako vo bugarija… Mora li odma da se bugarizira sve narod ke bevte … Inace obicajot se vodi kao Paleo balkanski I najverojatno e nasleden of trakicite koi ziveele I could makedonija I vo bugarija I romanija … Dame staro bugarski obicajot bi go imale I bugarite od Volga koi denes se ostavstina of turkmenskiot narod na koj pripagjale starite bugari (ne slovensko pleme koe podocna e slovenizirano na teritorija na denesna bugarija)

  7. Извадок од пост на Фејсбук од Премин Портал: „Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни…„
    Нормално мене ми е туѓа оваа талибанска логика и јас на моите деца ќе им врзам мартинки оти е тоа една убава стара традиција наследена од нашите предци. Мислам дека баба ми што ми врзуваше мартинки не беше ништо помала православка од оној што ја напишал „анатемата„ 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име