Дома Археологија Матица македонска – Да ја запознаеме Македонија!

Матица македонска – Да ја запознаеме Македонија!

2,588 views
0

Матица македонска е една од издавачките куќи во Македонија. Но исто така Матица македонска е наjкористениот клучен збор кој честопати го таргетира мојот сајт на пребарувачите. Причината е дамнешен напис “Македонија во книги за 100 денари – акција на Матица македонска“, во врска со еден од нивните саеми на книги и попусти кои честопати ги прават.

Во моментов во просториите на книжарницата Матица македонска (03-10.02 2010) трае традиционалниот Зимски саем под мотото Да ја запознаеме Македонија!, каде читателите можат да се пронајдат околу 200 македонски автори чии дела можат да ги купат по симболична цена од 100 денари за книга.

Претпоставувате дека покрај белетристиката, моето внимание го окупираа наслови како Цркви и манастири во Тиквешијата или A guide to the Macedonian monastiries од Димитар Ќорнаков. Всушност во Матица македонска може да се пронајдат многу дела од д-р. Димитар Ќорнаков кој претставува легенда на македонските културно-историски дејности. Секако тука се собрани дела од Марко Цепенков или Кочо Рацин, Славко Јаневски, Ташко Георгиевски, Мирон Динков итн. Според мене од огромно значење е кога книги за културно-историското наследство на Македонија, посебно на англиски јазик, се достапни по популарни цени.

Издавачката куќа Матица македонска само што отвори свој веб сајт на интернет и тоа е еден од поголемите пропусти во маркетингот во изминатите години. Никогаш не смеат издавачите да го пренебрегнат фактот дека во моментот постојат генерации за кои новите медиуми се единствен извор на информација, а вклучително со тоа и е-книгите. А на вас драги читатели ви препорачувам побрзо да појдете до Матица и да си изберете книга од својот омилен македонски писател. Или можеби барајќи по насловите ќе откриете уште некој што ќе ви го окупира вниманието.

Клучни зборови: Матица македонска, книжара, книги, саем, Matica мakedonska, bookstore, books, fair

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име