Home Аквадуктот во Скопје (серијал) Откриен Аквадуктот што го снабдувал стариот Рим со вода

Откриен Аквадуктот што го снабдувал стариот Рим со вода

2,957 views
0

Луѓето сакаат да дознаваат, да читаат или да трагаат по изгубените богатства од старите цивилизации. Пред неколку дена сосема случајно на двајца сниматели на документарци им се укажа можноста да го пронајдат влезот на еден од аквадуктите околу Рим, преку тајна врата од една руинирана црквичка.

Image property of Discovery News

One of Rome’s 11 aqueducts, the Aqua Traiana originated around Lake Bracciano, 25 miles from Rome. After collecting water from other springs on its way down to the capital, the channel finally reached Janiculum Hill in Rome, providing clean, drinkable water to the Trastevere district.

@ Discovery News

Стариот Рим бил снабдуван со вода преку 11 аквадукти. Тие секој ден го обезбедувале еден од наголемите градови во Римската империја со околу 1,127,220 кубни метри вода. Имињата на Аквадуктите кои се граделе во период од петстотини години се дадени по областите каде минувале или според владетелот кој го направил.

Аквадуктот е пронајден три метри под земјата под едно пасиште, на 25 километри северозападно од Рим, во близината на езерото Брачиано. Стар е 2000 години, поточно го изградил императорот Трајан во 109 год од н.е.  За овој Аквадукт практично се знаело и порано, но се сметало дека е од средниот век.

Image property of Discovery News

Императорот Трајан е познат по своите чудни идеи. Повеќепати сум била во античкиот град Ефес, кој се наоѓа во близина на туристичкото место Кушадаси, во Турција. Таму има една фонтана посветена на цар Трајан со склуптура (сега веќе фрагментирана) на која и се зачувани стапалата кои газат/потпираат една топка што многу наликува на денешната поза на фудбалер. Секако склуптурата била направена во согласност со уверувањето на Трајан – дека земјата е округла. 🙂

Заклучок:

Кога сме веќе кај древните архитектонски монументални дела, треба да се напомене дека и ние во Македонија имаме Аквадукт. Но нашиот Аквадукт ја нема таа среќа како Трајановиот. Толку сме слепи што не си гледаме подалеку од носот, додека со години трае борбата на разни ентитети во превласта кој да се грижи за овој споменик.

Поткопуван од локалното население како извор за градежен материјал, Римскиот Аквадукт кој со децении тоне во заборав, уште малку ќе потоне и во мочуриштето кое се наоѓа до него и од кое се загрозени неколку столба. Полни со вода и со голем процент на влажност, огромна е можноста од нивно трајно оштетување и рушење. Покрај ова, на сета мака веројатно не е решен и проблемот со околното земјиште кое “наводно” општина Бутел сака да го уреди естетски, бидејќи не сум запознаена дали е почнат процесот на експропријација на нивата која се граничи со него.

од Серијалот за Скопскиот Аквадукт

И за жал додека барата му ги скапува столбовите, скопскиот Аквадукт тоне заборавен во времето и разјадуван од мочуриштето околу него. Овој Аквадукт е вистински пример за тоа како се чува културно-историското наследство во Република Македонија, без разлика што се наоѓа во срцето на самиот град Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here