Home Археологија Проекти – Amazing Macedonia (Волшебна Македонија)

Проекти – Amazing Macedonia (Волшебна Македонија)

2,065 views
1

Amazing Macedonina (со поднаслов landscapes and sounds) е уште еден во редот на многуте сработени проекти кои го популаризираат и презентираат природното и културното богатство на Република Македонија. На официјалниот сајт може да се прочита дека се работи за ДВД кое содржи 200 фотографии, но всушност се работи за компилација од монографија + DVD.

Искрено, не знам која му е точната целната публика и кому бил првично наменет овој проект, бидејќи постојат десетици слични мултимедиски кампањи кои се сработени досега. Секако дека стои во редот на добро одработени проекти кои го презентираат и популаризираат нашето богатство, иако парцијално. Имено, читајќи го воведот на сајтот, се добива погрешен впечаток за (пред)историскиот развиток на цивилизациите кои ја населувале територијата на Македонија, кој е насила пресечен и акцентиран во 7 век п.н.е, како претходно да немало населувања. Чуму служи ваквото парцијално претставување на сајт кој е достапен секому и каде се запоставени исклучително богатите праисториски периоди кои не враќаат во времето околу 45 000 год. п.н.е кога Неандерталецот ги направил своите алатки во пештерата Голема Пешт, крај с. Здуње (Поречје/Козјак). Не знам дали е истиот пристап применет и во самата монографија, бидејќи не сум имала прилика да ја разлистам до сега.

Фотографиите се на Владимир Арсовски, текстот на етнологот Гордан Николов, музиката на Златко Ориѓански, а дизајнот на звуците од природата ги направил Братислав Зафировски. Се планира монографијата да биде достапна во сите поголеми книжарници низ земјава, но за сега ја има само во книжарниците на „Икона“ и на „Култура“. Според информациите во медиумите “Монографијата е во тврд повез, има 170 страници и заедно со дивиди ќе се продава по цена од 3.000 денари”.

Прашања:

Кога човек ќе види една ваква монографија, секако дека му е драго на душата бидејќи навистина имаме со што да се пофалиме пред светот. Но при тоа ми се наметнуваат следните прашања. Ако оваа монографија е наменета за туристичка промоција на земјава, зошто не е споменат или вклучен во проектот ентитет кој се занимава со оваа област, што би бил логичен след на настаните. А што станува со странскиот пазар? Зошто оваа книга би се продавала во Македонија, ако е веќе наменета за странци кои треба да се запознаат со нашата земја пред да дојдат во неа? Оти кога ќе си заминат, туристите со себе ќе си ги понесат илјадниците спомени во форма на фотографии кои самите ќе си ги направат. Книга воопшто нема да им биде потребна. Каде и да појдете низ светот, промотивните комерцијални проекти (мапи, книги, брошури …) или се делат бесплатно, или се со доволно пристапна цена за да бидат достапни секому. Не велам дека не се вложени голем труд и средства и дека оваа монографија не изгледа импресивно. Но, до кога ќе се продаваме толку “скапо”, бидејќи понекогаш целиот аранжман за престој во нашата земја вреди помалку отколку една книга за нејзината промоција.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here