Home Антропологија Топ 10 археолошки откритија на 2009

Топ 10 археолошки откритија на 2009

2,101 views
1

Многу е важно археолошките откритија брзо да се публикуваат и презентираат, зошто со секој нов наод се менува мапа на светот и нашата перцепција за минатото. И додека нашите археолози се борат на видело да ги изнесат сите податоци кои можат да одат во прилог на сопствениот идентитет, а тоа трае веќе со децении, во светот постои поинакво правило кое гласи: Тоа што ќе го пронајдеш публикувај го веднаш или ќе бидеш проколнат засекогаш. Со други зборови кажано, ако сам не се ставиш на археолошката мапа од светот, ќе бидеш од неа избришан исто како никогаш да не си постоел.

Повеќето од откритијата кои се случија во 2009 година ги проследив со линкови на моите акаунти на твитер и на фејсбук, а поретко на сајтот и блоговите. Во последниот период некако повеќе ми одговара микроблогирањето од пишување на колумни и огромни скрибомански текстови за археологијата. 🙂

* * *

На 20 Мај Google ја форсирше својата насловната страница на порталот со тагот Missing link. Се работи за наод чија приказна стана една од начитаните на популарното списание National Geographic за 2009 година. За ова откритие известија и неколку наши медиуми (1, 2, 3), а се работи за фосилен остаток на лемур стар 47 милиони години за кои научниците сметаат дека е веројатно алката која недостасува во еволуцијата на човекот.

Исто така огромно внимание повторно предизвика најголемото археолошко ископување на светот кое продолжи и 2009 година во Истанбул, каде беше откриена најстарата населба на територијата на овој град од т.н. централно Анатолиска доцна фаза на Пре-Керамички Неолит B, кој започнал околу 9500 B.C. Ископувањето опфати и многу подоцнажни артфакти, најмногу од византискиот период, бидејќи една година претходно беше откриена оригинална римска галија на пристаништето кое функционоирало за време на императорот Теодосиус.

Со исклучок на неколку пронајдоци кои ги има на обете листи, генерално двете најчитани списанија на интернет за археологија се поделија околу популарноста на тоа кој наод или локалитет заслужува да се најде во првите 10 светски откритија. Зачудувачки е колку изборот на тематика е различен, секако на големо задоволство на сите оние заинтересирани кои едвај чекаат да се објави и публикува нешто ново кое ќе ги пополни милениумските дупки во културниот развиток на нашата цивилизација.

Линкови:

Archaeology Magazine’s Top 10 Discoveries of 2009
National Geographic: Top Ten Archaeology Finds: Most Viewed of 2009

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here