Дома Антропологија Украсување кај Неандерталците – толку човечни, а толку далечни

Украсување кај Неандерталците – толку човечни, а толку далечни

2,132 views
0

Ми текнува пред 2 години кога мојот ментор од Универзитетот во Белград, проф. д-р. Душан Михаиловиќ со воодушевување ме извести за едно извонредно откритие – заб од Нендерталец кој тој и неговиот тим го пронајдоа во пештерата Црвена Стијена, Црна Гора. Староста на овој наод кој веднаш беше пратен во Институтот за палеоантропологија во Загреб, беше проценета помеѓу 45/50.000 и 150.000 години п.н.е.


3D виртуелна реконструкција на катници кај Нендерталците

Зошто се важни овие наоди, кога на пример се работи за остаток од хоминид? Бидејќи артефактите како заби, посебно од Неандерталец се исклучително ретки не само во Европа, туку и во светот, а ова е прв ваков наод во ЈИ Европа, ако не сме сметаат скелетите од пештерите Крапина и Виндија. Всушност секој наод од нашите предци е важен бидејќи до сега се пронајдени многу малку ваков тип на остатоци.

Гледајќи го своевремено документарецот на BBC во четири дела Walking with Cavemen, во еден момент забележав дека нараторот ги споменува сите досега откриени палеоантрополошки пронајдоци, чија бројка и обем може да се сместат во само неколку кутии од некој плакар. Со оглед на општо познатото заедничко минато, ќе се сложите дека е тоа премалку за да се мапира богатата генетска одисеја низ која поминал човекот.

од постот
Генографика – Коски во плакарот или на мапа

Пред некој ден во статија од списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS) беше публикуван првиот сериозен доказ за употреба на декорација кај Неандерталците, боење на накитот кој го носеле, па евентуално и траги кои упатуваат на боење на телото. Ова е навистина сериозено тврдење кое еднаш за секогаш ги побива сите досегашни тези дека исклучиво само на модерниот човек (Homo sapiens sapiens) му припаѓало екслузивното право за употреба на “make-up” за декорирање и ритуални намени.

The shells were coated with residues of mixed pigments

Украсите за тело направени од обоени и перфорирани школки со старост од 70,000 до 120,000 години, до сега беа пронаоѓани на територијата на Африка и Блискиот Исток и служеа како потпора за тезите во врска со симболизмот на раните модерни луѓе (Homo sapiens). Отсуството на слични докази во Европа од тој период кога на територијата доминирале Неандерталците, беше поткрепена со мислењето дека ним им недостасувала оваа карактеристика како потенцијален знак на ментална инфериорност, што пак одеше во прилог на теоријата дека можеби тоа помогнало модерните луѓе евентуално да ги заменат.

Долго време во науката за Неандерталците се сметаше дека немале когнитивни капацитети за изработка и украсување на накит, па затоа овие наоди од Шпанија се доказ дека одамна исчезнатите хоминидите сепак биле способни за симболизам, бидејќи тоа е карактеристика која до сега им се припишуваше само на модерните луѓе.

Ако боените школките се навистина користени како елементи за персонална декорација, тоа укажува на повисок степен на симболичко значење, но и знаци за постоење на култура. Ако некој некогаш се обидел да направи ѓердан, или бразлетна, тогаш знае дека му се потребни илјадници школки за да го стори тоа. Ама ете потребни се само неколку школки да ги протресат добро темелите на теориите за човековата еволуција.

Додаток:

Во Македонија се пронајдени среднопалеолитски култури од Мустериенот за чии камени индустрии е потврдено дека ги правеле Нендерталците, но не се пронајдени антрополошки остатоци на ископувањето. На Балканот исто така постојат остатоци од хоминиди означени како Homo neanderthalensis, а сосема доволно е на google да пребарате за пештерите Козарника (Бугарија), Баланица (Ниш, Србија), Виндија, Крапина (Хрватска), Дивље Бабе (Словенија), па евентуално и за Петроварадинската тврдина во Нови Сад каде пред 3 години беше откриена среднопалеолитска култура датирана околу 40 000 BP чии носители биле Нендерталците.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име