Home Археологија Од другата страна на археологијата – општините како фактор во заштита на...

Од другата страна на археологијата – општините како фактор во заштита на културното наследство

1,749 views
3

Во Република Македонија има огромен број на археолошки локалитети, историски места и религиозни објекти од сите периоди. Но, Република Македонија за жал нема капацитет (што материјален, што когнитивен), да се справи со уништувањето, ископувањето, заштитата и презентацијата на сите овие локации од културно-историско знаење, кои се важни како за регионот така и пошироко. Навистина ме загрижи изјавата на Паско Кузман за археолошкиот локалитет Марвинци, бидејќи за жал тоа е реалната ситуација со која се соочуваме:

Таму беше страшно. Локалитетот буквално беше изоран од диви копачи. Во оваа кампања влеговме за да го спречиме препродавањето на нашето културно наследство. До пред три години сите прашуваа зошто не се спасува локалитетот? Сега ние го спасуваме со истражувања. Не можеме да го уредиме, не можеме да поставиме чувари. Сме се обидувале многу пати на тој начин. И сега има чувари, но многу чинат.

Изјава за @ Дневник

Според новиот закон, за културно-историските споменици на својата територија освен локалните музеи и заводи, задолжена е и самата локална самоуправа. Факт е дека локалните самоуправи во Македонија тешко се справуваат и менаџираат со своите културни ресурси, бидејќи е тоа една обврска која им припадна по менувањето на цел еден закоравен систем на вредности понесени од минатото. Тие треба да ги попишат, опишат и евидентираат сите културни ресурси кои се на нивната територија пред тие да бидат оштетени или загубени засекогаш во трката со технологијата и модернизацијата. Во светот постои пракса во секоја општина да има најмалку по еден вработен археолог во секторот за културен ресурсен менаџмент, или пак тоа да го работат државни и приватни фирми регистрирани за таа намена. Но кај нас правните закони се уште не дозволуваат вработување на археолог во општините или создавање на приватна археолошка фирма. По штета на сите изгубени културни ресурси кои подоцна можат да ги искористат за разни цели во туризам, промоција на културното наследство, прибирање на експонати за локални музејски збирки, организирање на презентации, јавни трибини и предавања со цел подигнување на свесноста кај месното население за својата култура и наследство итн.

Последното големо сквернавње на археолошки локалитет се случи во општината Демир Хисар. Веќе добро и е познат случајот на јавноста со уништување на локалитетот Градиште, кај селото Граиште од страна на мобилните оператори. Се уште стои отворено прашањето кој го сторил едно од најголемите злодела во историјата на македонската археологија. Верувам дека не само локалитетот Градиште, туку и многу други незаштитени локалитет ги облетуваат диви копачи. Во ситуација во која ни се наоѓа моментално државата, би било голем трошок за сите наши драгоцени локалитети да се најмат чувари.

Единствениот излез го гледам во инстантно почнување на (заштитни) археолошки ископувања, во рамките на секоја општина, бидејќи не постои друг начин да се заштитат локалитетите. И притоа да се запослат или најмат пред се луѓе од локалното население. На тој начин локалитетот ќе го штитат луѓето кои работат на него, бидејќи и ќе заработуваат од него. Финансиската инекција од ваквите проеки би била особено важна за помалите општини каде цела популација би можела да живее од ископувањата. Ако вие најмите 150-200 луѓе да работат секој со дневница од 600-800 денари барем 6-7 месеци во годината и така 2-3 години по ред, луѓето сами ќе си ја чуваат гранката од дрвото, што би било одлчен импут и стимулација за населението. Ќе се постигне ефектот на заштитен локалитет без инфраструктура коjа и онака не постои кај нас и ќе имате задоволни граѓани.

Исто така сметам дека е време локалната самоуправа да почне да размислува во правец на вработување или евентуално најмување археолози чија првична работа ќе биде собирање на информации од теренот. Археолошкото ископување е една од најдеструктивните методологии и се превзема само ако е потребно да се спаси локалитетот (при градежни работи, поплави, земјотреси). Денеска дури и без ископување, може многу да се стори да се зачува сопственото културно наследство. А од некаде мора де се почне, нели!?

Дополнение:

Минатата година Општината Кисела Вода од Скопје заокружи двегодишен проект преку поставување на Етнолошка поставка со повеќе од 300 предмети, која пред се има едукативни цели. Таа се наоѓа во рамките на самата општина, влезот е слободен и преку неа може да се согледа богатото културно наследство на Република Македонија. Овој проект за сочувување на сопственото богатство на локално ниво, ги вклучи сите граѓани кои беа спремни да донираат некои од своите лични артефакти за јавно добро. По тој повод беше издадена и брошура која може да се симне во ПДФ од нивниот сајт.

Поврзани текстови:

Укради ме и напиши ми ја историјата
“Античкото население од Марвинци“ – нова монографија
Реакција: Сакаме да го истражуваме Исар-Марвинци – државата не дава пари
Пренесена реакција – Писма – Големата некропола кај Марвинци

3 COMMENTS

  1. […] Од време на време се појавував на некоја од националните телевизии. Но oд септември до крајот на годината постојано бев инволвирана во случајот со уништувањето и спасувањето на археолошкиот локалитет Градиште, кај с. Граиште, демирхисарско. Тука телевизиските медиуми, пред се Канал 5 телевизија, ја одиграа најголемата улога. Комплетната документација може хронолошки да се прати на Археоблог вклучително со настапите на конференциите каде го заокружив со текст, презентација и видео материјал моето залагање за спасување на културното наслество (1, 2, 3, 4, 5, 6). Заклучокот беше дека покрај веќе востановените субјекти за заштита и презентација на нашто огромно богатство, во овој процес можат исто така да се вклучи и локалната самоуправа. […]

  2. […] Поврзани текстови: Како локалната самоуправа се справува и менаџира со своите културни ресурси Од другата страна на археологијата – општините како ф… […]

Leave a Reply to Акцијата Фаланга – Едуцирај се себе, па научиме и мене » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here