Јас сум Димитровска Василка, во блогерскиот свет веќе со години позната под псевдонимот Arwena. Мојот блог/сајт Археолошки дневник независно од формите и платформите сите го препознават како Археоблог. По професија сум археолог и сум единствената од мојата фела која пишува на интернет. Создавам уникатни и креативни содржини на македонскиот веб кои не можат да се прочитаат на ниту едно друго место. Се појавувам на конференции, дебати, работилници и одамна веќе го носам теретот на социјално ангажиран археолог. Со своите текстови, изјави и размисли свесна сум дека го обликувам мислењето на многумина. За да ме разликуваш од останатите, прво мора да веруваш во она кое го пишувам. Но за да ми веруваш, мора добро да бидеш информиран. Зошто само добро информиран граѓанин, може да биде активен граѓанин на било кое поле.
Помеѓу другите карактеристики, имам и новинарски квалитети. Имам одлични IT перформанси и високо функционални бесплатни алатки на новите медиуми. Имам канал со пристап до милиони луѓе без да платам даночна стапка. Имам право на свое мислење без да одговорам на ниту едно поставено прашање. Имам слобода на изразување! Не можеш да ме замолчиш, не можеш да ме забраниш, не можеш да ме уништиш. Не можеш ниту да ги избришеш илјадниците линкови кои водат до, и од мојот блог и секојдневнои метастазираат. Моите постови се појавуваат со првиот впишан таг кој е во врска со твоите интереси за археологија и јас ти ги трансферирам информации кои ги бараш.
Јас, Волан и Вуна – дебата со блогери на E-society 2006
Но јас сум исто така некој многу чуден канал. Кога ќе се помножам, поделам и соберам, одеднаш се метаморфозирам во алгоритам кој прави невообичаени интимни односи со интернетот. Згора на тоа ме сакаат пребарувачките алатки и моите постови се појавуваат на првите страници од google.
Сакале или не – ЈАС СУМ МЕДИУМ!
Вака некако би можела од мој аспект да ја дефинирам успешната конференција Јас Медиум, организирана од Фондацијата Метаморфозис, која на 02. и 03. Декември се одржа во хотелот Holliday Inn во Скопје. По четигодишно следење како публика или како учесник во дебати, би можела да кажам дека ова веројатно беше најдоброто издание на конференцијата E-society, која се одржува веќе петта година по ред во овој период од годината.
Официјалниот наслов на мојата презентација во сесијата Активно граѓанско учество и локална демократија беше “Новите Медиуми – инсомнија во светот на археологијата” (New Media – Cultural heritage prеservation insomnia) во која го образложив случајот со уништувањето на археолошкиот локалитетот Градиште, употребата на алатките од Новите медиуми и какво значење имаат во заштитата и презентацијата на светското културно наследство.
New Media – Cultural heritage prеservation insomnia
На конференцијата појдов за прв пат во јавноста како официјален претставник на Викимедија Македонија, организацијата која е македонскиот локален огранок на Фондацијата Викимедија. Ако не сте слушнале за Викимедија, тогаш сигурно сте слушнале за Википедија, еден од најпознатите продукти на Фондацијата Викимедија. Македонскиот локален огранок, а посебно Македонската Википедија беше една од темите кои предизвика најмногу интерес кај публиката по третата сесија, што ми е особено драго.
New Media – Cultural heritage prеservation insomnia
View more presentations from Vasilka Dimitrovska.
Вториот ден од конференцијата замислен како дебата беше интересен од аспект да се слушнат различни коментари почнувајќи од искуствата на французите како да се подигнуваат пари за проекти, до јазот помеѓу старите/класичните и новите медиуми и валидноста на информациите кои ги трансферираат обата типа на медиуми. Иако беше најавено присуство на повеќе мејнстрим медиуми, за жал никој од нивните претставници не се појави на конференцијата. Classical media at esociety09 fail.
На интернет можат да се прочитаат белешки за првиот ден од конференцијата, да се погледне сет од фотографии, како и коментарите на твитер кои одеа во real time. Од мене едно големо браво до организаторите на конференцијата – Фондацијата Метаморфозис, поддржани овој пат од Француската амбасада и моја благодарност за поканата да учествувам на Е-општество 2009.
[…] хронолошки да се прати на Археоблог вклучително со настапите на конференциите каде го заокружив со текст,… моето залагање за спасување на културното наслество […]
[…] Остатокот од приказната ја има тука. […]
[…] содржини на интернет, во рамките на конференцијата Е-општество која на почетокот од декември се одржа во Х…. Поточно, вториот ден од конференцијата беше замислен […]
[…] содржини на интернет, во рамките на конференцијата Е-општество која на почетокот од декември се одржа во Х…. Поточно, вториот ден од конференцијата беше замислен […]
[…] ЈАС СУМ МЕДИУМ […]
[…] Остатокот од приказната ја има тука. […]
[…] јас имав свој настап на E-society 2009 со темата ‘Јас Медиум‘, додека некои од другите членови исто така имаа […]
[…] јас имав свој настап на E-society 2009 со темата ‘Јас Медиум‘, додека некои од другите членови исто така имаа […]
[…] како публика или како учесник во дебати, некаде од 2009. година почнав да земам активно учество и како говорник, во разните сесии организирани во […]
[…] како публика или како учесник во дебати, некаде од 2009. година почнав да земам активно учество и како говорник, во разните сесии организирани во […]