Home Археологија Некои мои размисли …

Некои мои размисли …

1,529 views
1

Во прилог постирам некои размисли за археологијата и културата воопшто,  запишани на мојот акаунт на твитер.

1. Нема поента било каква караница по светов. Пошто освен неколку луѓе кои ја насеселувале Африка и онака сме сите емигранти.

2. Македонскиот етнос е како како хард-диск кој со текот на вековите апсорбирал кодови и ги вткал во сопствениот фолклор.

3. Се додека во катастарот на умот го селектирам минатото, ќе спијам со очи широко отворени.

4. Што би рекол Делчев, широко ви поле интернетско. Па орајте култура!

5. Каменот е најдобриот молчалив пријател на човекот.

6. Тешко оди дебагирањето на македонската археологија при интерпретација на минатото.

7. Транзитирањето на македонската археологија е само преку јазичната дискриминација. Во спротивно нема ништо ново во “земјата”.

8. Ако македонските археолози го користат #twitter за сите наоди во последните 2 години, веројатно сервисот ќе крахира. 😀

9. Археологот составува слика за минатото врз основа на делчиња од случајно откриени материјали и животното искуство кое му стои на располагање.

10. Да не постоеше мојот здрав разум и неспремноста на компромиси само поради сензации, немаше да постои толку години ни мојот блог.

11. Модернизацијата е когнитивен процес. Дајте им малку време на луѓето. Во минатото за тоа биле потребни и милениуми. 🙂

12. Имиџот на археологот, не смее да биде репер за неговта стручност.

13. Денеска сите сакаат да бидат археолози и да копаат по туѓото “ѓубре”!

Arheoblog на twitter

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here