Дома Археологија Кокино, мегалитските глупости и непостоечките култури – Дел 1

Кокино, мегалитските глупости и непостоечките култури – Дел 1

10,303 views
6

Во последно време јавноста повторно се разбранува со Кокино и препукувањата помеѓу неколку ентитета за неговата веродостојност како културно наследство, наше и на светот. Изјавата на прес конференцијата од страна на Ѓоре Ценев, астроном, дека околу Кокино се откриени нови светилишта како и доказите за постоење на автохтона култура, ги натера археолозите јавно да реагираат.

Првите реакции беа од МАНД и од Јовица Станковски, археологот кој го ископува локалитетот Татиќев Камен, познат во јавноста како Кокино.  Медиумите ја подгрејаа атмосферата со своите написи Кокино во оган меѓу астрономите и археолозите и Кавга за Кокино, до ниво за повторно да возврати астрономот Ценев дека за овој локалитет ги применува методите на археоастрономијата.

Целата оваа лакрдија со Кокино ги премина сите лимити кои археологијата како науката може да си го дозволи, а притоа да не се дискредитира. Првата моја реакција е упатена до МАНД (Македонско археолошко научно друштво) во однос на нивното писмо каде се оградуваат од изјавите на Ценев за културата Кокино. Во голема мера се сложувам со ставот на моите колеги, но како дел од МАНД и негов постојан член, пред да се прати во медиумите, требало писмото да се испрати циркуларно до сите археолози членови на оваа друштво. Повеќе пати до сега сум искажала јавно мислење за одредени работи или појави во општеството поврзани со археологијата и не би сакала во иднина некој без прашање да го кажува мојот став, а јас за тоа да не бидам консултирана. Едноставно – не дозволувам никој во мое име да дава изјави во јавноста!

Појаснување ПРВО – Архитектонска структура тип хенџ

Според дефиницијата Хенџ e:

кружна или овална конструкција од култен карактер, со преку 20 м во дијаметар и ров околу него. Пристапот им е ограничен само од неколку страни, но најчесто од онаа која гледа кон Сонцето кога излегува на денот на летната долгодневица или зимската краткодневица. Можат да бидат составени од компоненти кои вклучуваат – камени седишта, камени кругови, менхири, трилити, кромлиња, некрополи итн.

Кога ќе се помисли на хенџ (како што е Стоунехенџ – најславниот егземплар од овој тип), асоцијацијата која ни доаѓа се остатоци од камења или камени блокови поставени во кружна форма за чиишто карактер можеме само да претпоставуваме дека бил култен, со оглед на тоа што тие припаѓаат на оној дел од културниот развиток на човекот за кој нема пишани докази. Како што може да се забележи, кружната отворена форма е основа една структура да биде прогласена за хенџ, и со оглед на нивното простирање во одреден дел од Медитеранот, Бретања и Британија (ги има и на други места), треба претпазливо да се одбираат зборовите од страна на медиумите кој објект или локалитет (со посебно внимание на временскиот период), ќе го добие епитетот – личи на Стоунхенџ.

Престанете да го нарекувате Кокино мегалитска обсерваторија!

Исто така многу важна ставка една структура да се прогласи за хенџ (макар не била и мегалитска) е нејзината поврзаност со календарот и астрономијата. Се додека не се најдат цврсти докази се останува во полето на имагинацијата и шпекулацијата. Археоастрономијата ја интересираат сите појави кои се поврзани со набљудувањето на небото, вклучително и тоа на кој начин луѓето од минатото ги разбирале феномените на небото, како ги употребувале и пред се какво значење играле тие во нивните култури.

The archaeological artefacts from the eastern side of the highest part of the site also speak of one of the mountain rites related with the fertility cult. Namely, fragments of vessels were discovered in several natural cracks on the rocks, sometimes remodelled in almost circular form in the upper part. The small pits formed this way were closed with earth and small stones upon the introducing of the vessels filled with offerings. The essence of the cult is in the belief that the rocky mountain top is the body of the Great Goddess Mother and the cracks in the rocks – the openings in her womb.

Пасусот е извадок од апликацијата со која УЗКН при Министерството за култура го пријавило Кокино како “мегалитска” обсерваторија на привремената листа на UNESCO. Мислам дека е редно време сите (тука спаѓаат и медиумите) да престанат да го нарекуваат Кокино мегалитска обсерваторија. Треба повторно да се ревидира дали локацијата е воопшто праисториска обсерваторија, а никако мегалитска. Дотогаш останува само ставката дека Кокино е археолошки локалитет од бронзеното доба за кој треба да се направи долготраен план како да се заштити од временските и од материјалните уништувачи. Бидејќи Кокино е археолошки локалитет за кој знаеме дека нема да се повтори во историјата на човештвото, оти факт е дека секој локалитет било каде во светот сам по себе е уникатен и оригинален.

Како археолог, се оградувам да давам изјави и толкувања во областа на археоастрономијата. Истото тоа им го советувам на сите останати профили на истражувачи кои не се занимаваат со археологијата како основна дисциплина. Додека не се проверат сите опции, вклучувајќи ги и геоморфолошките испитувања, не се отстрани било каква можност за грешка при ископувањето и документирањето, научната јавност треба да биде лишена од турбулентни емоционални субјективни влијанија и опсервирања.

Продолжува

6 КОМЕНТАРИ

  1. Се согласувам со реченото. Сум велел и пишувал и порано дека на Кокино фали уште доста истражување за да се потврди и астрономската страна. Со најновиве случувања, само се прави една каша. Ненаучна каша.

  2. Za zal, po kojznae koj pat se povtoruva istoto na nasive prostori – toa sto go imame ne znaeme da do istakneme na vistinski nacin .
    Mora , da mi prostite na izrazot, da ja “ukakame” rabotata uste pred da bide.

  3. Drzam do redot.
    Me raduva shto se buntuvash, i sakas istrazuvanjata da se odvivaat po odnapred propishani pravila/proceduri.
    Bez prerani zakluchoci, molam. 😉

  4. […] Пукнатинските предиспозиции на “престолите”, на платформата, како и столбестото излачување на андензит не остваат простор да се направи претпоставка дека вулканската структура на археолошкиот локалитет Кокино е вештачка и дополнително обликувана од човекот. На овој начин се отфрла и веќе установената и прифатена терминологија за мегалитскиот карактер на ова наоѓалиште, бидејќи ниту на него, ниту во околината има траги од претпоставената мегалитска архитектура. […]

  5. И сега после две и пол години кога се докажа тврдењето дека Кокино е навистина мегалитска опсерваторија се прашувате ли зошто сте дигале толкава прашина?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име