Конференцијата Glocal 2009 и мојата презентација
posted in Антропологија, Архео TV 2.0, Археологија, Интернет, Конференција, симпозиум, Медиуми |

Трета година по ред во организација на Њујорк Универзитетот Скопје се одржува конференцијата Glocal овој пат под насловот: Inside Social Media. Дел од организаторите во рамките на оваа конференција распишаа конкурс за текстови на кој и самата се пријавив.
Конференцијата започна денеска и ќе трае до 17.10.2009. Првите сублимирани импресии можете да ги прочитате на сајтот it.com.mk, а сите коментари во врска со овој настан можат постојано да се следат на twitter со hasg tag-от #Glocal09, додека сликите на flicker се исто така тагнати со Glocal09.

Им благодарам на организаторите за поканата и што го прифатија мојот текст под наслов “From transition to antiquisation, through and beyond the new media in Macedonia“, па ете ме подготвена некаде околу 10 ч. на 16.10.2006 год. да го презентирам. Конференцијата има live streaming, па очекувајте да ме гледате и слушате во живо, вклучително со сите други учесници на Glocal.
По завршувањто на конференцијата Glocal ‘09, сите презентации ќе бидат подигнати на официјалната веб страна.














