Home Археологија Љубовниот триаголник помеѓу секторот за туризам на локалната самоуправа, Скопското Кале и...

Љубовниот триаголник помеѓу секторот за туризам на локалната самоуправа, Скопското Кале и секторот за туризам при Министерството за економија

1,095 views
0

Деновиве се движам во кругот, или се обидувам да меандрирам помеѓу секторот за туризам на локалната самоуправа и секторот за туризам при Министерството за екнономија. Причината е обидот да го спасам барем Скопското Кале од силување со странски туристички водичи.

Како што е вообичаено со нашата државната администрација, тие топката ја префрлаат од еден на друг сектор, а перманентниот проблем со уништувањето и девалвирањето на нашиот туризам продолжува со упорните доаѓања на странските гости кои ги посетуваат нашите споменици и локалитети без придружба на домашни лиценцирани водичи.

Конкретно луѓето со кои контактирам(-ав) се г-динот Зоран Николовски од секторот за туризам при Министерството за екнономија и г-динот Димче Смилев од секторот за туризам на локалната самоуправа. Се обидував да дознаам кој треба да го даде и потпише одобрението за Скопско Кале, за да се стави забрана за движење на групи (домашни и странски) без лиценциран водич.

Археолошкиот локалитет Скопско Кале е под ингеренција на Музеј на град Скопје, а тие се под локална самоуправа. Сепак секторот за туризам при град Скопје не може да стори ништо, доколку не добие одобрување од секторот за туризам при Министерството за економија, кое е задолжено за носење на политики и регулативи.

Ова Министерство ги носи законите, пазарната инспекција ги спроведува и контролира, бидејќи се уште не постојат инспектори за туризам, а јас како обичен туристички водич ги почитувам. Сакам да знам до кога ќе се влечка работата со Скопското Кале и нелиценцираните странски водичи, поточно до кога на свој грб ќе го трпам сето тоа, а притоа овие сектори живеат и добиваат плата од данокот кој го плаќам за да ги решат токму овие проблеми? Ако одговорноста е нивна, дали можеби треба јавно да ги прозвам овие сектори за да може конечно да стартува решението на проблемот со кои се соочуваме со години? Или да го прозвам директно министерот за да потпише едно пусулче од пола страна ворд, со која забранува организирани групи на Скопското Кале да се движат без македонски лиценциран водич?

Јас не сум пилот, адвокат, пекар или лекар. Јас сум само обичен археолог кој е притоа и лиценциран туристички водич. Секој ден го создавам културното наследство на Македонија со сопствени раце, копајќи на некои од локалитетите во и околу Скопје или пишувајќи за него на интернет. Што ја сочинува базата на т.н културен турзам. Кога на тоа ќе се надогради и мојата официјална лиценца за туристички водич, сакам точно да знам ако настане проблем, каде да го барам решението!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here