web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



PostHeaderIcon Кој ги има снимките од уништувањето на археолошкиот локалитет Градиште кај Демир Хисар

Причината поради која молчат печатените медиуми за еден од најголемите скандали во македонската археологија, ќе ми остане непозната. Можеби тоа е преќутниот договор помеѓу нив и мобилните оператори, кои генерално се добри спонзори на сите медиуми во Република Македонија. Нормално по штета на нашето огромно културно богатство. Можеме само да претпоставуваме каков третман ќе доживееја кривците, ова да се случеше во Австрија или не дај боже со археолошки локалитет во Грција.

Од сите весници, само неделникот “Сега” објави статија за уништениот локалитет Градиште кај Демир Хисар, каде што е поместена и моја изјава. Во прилог подолу постирам скен во pdf, кој исто така може да се превземе.

Nedelnik Sega – Slucaj Gradishte

Од повиците кои ги добивам секојдневно, пораките кои се постираат на моите белешки на фејсбук и статусите на твитер, знам дека како професионални археолози моите колеги се заинтересирани што се случува, и што ќе се случи со локалитетот Градиште, кај с. Граиште, демирхисарско.

Во сета оваа фама со овој скандал кој сметам дека е еден од најголемите во македонската археологија, заборавив да кажам дека постои еден несоборлив доказ во случајот со уништениот локалитет Градиште. Поточно постои снимка на која се гледа кој го уништува локалитетот :)

Кликни на сликата за подобра резолуција

Доказот секако не е мој, го има една фирма. Можеби и не знае се уште дека го има. :) Имено, понекогаш мобилните оператори кога поставуваат свои антени во подалечни области, на нив исто така поставуваат и камери. Обично тие им помагаат како доказен материјал во случаите против оние кои сакаат да им наштетат на нивните антени. На фотографијата погоре може да се види антената на еден од мобилните оператори (самите ќе се препознаат а се гледа и налепницата на контејнерот), каде се поставени 4 камери кои работат 24/7, заради безбедност на нивниот објект. Најверојатно со нив се снимени уништувачите кои го разориле овој локалитет. Прашање е само дали според закон, овие снимки во судскиот процес ќе бидат јавно достапни. Впрочем, зошто некој би плаќал казна за злодело и криминал, кој самиот не го направил!?

3 Responses to “Кој ги има снимките од уништувањето на археолошкиот локалитет Градиште кај Демир Хисар”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива