Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Ничиј багер, на ничија земја

Канал5 телевизија во своите последователни прилози: Институциите ја префрлаат одговорноста за уништувањето на археолошкиот локалитет Градиште во Демир Хисар (12.09.2009) и Видливи остатоци на искршена керамика поради ископувања со тешка механизација (14.09.2009) продолжува да известува за уништувањето на археолошкиот локалитет Градиште, кај селото Граиште, демирхисарско од страна на мобилните оператори. Прилозите со видео материјал можат да се погледнат на страниците од оваа телевизија, но заради архивирање истите се закачени и на Youtube.

12.09.2009

14.09.2009

Краткото сиже во случајот Градиште вели дека во неделата на 06.09.2009 добив мејл од читател кој ме известува дека нешто чудно се случува со овој локалитет кој се наоѓа во близина на Демир Хисар. Во вторникот појдов до локалитетот да ги проверам информациите. Во средата го објавив извештајот на мојот сајт и монтираното видео со снимки на Youtube, а од четвртокот почнаа прилозите со ударната вест на Канал5 телевизија која ги “затече” мобилните оператори во Македонија на кои не им е прв пат да постават базна станица за антена на археолошки локалитет.

Вп меѓувреме извршена е истрага од страна на МВР, а исто така на увид отишла и екипа од Музејот и Завод Битола, кои го утврдиле истото што го напишав на сајтот како извештај пред една недела. Акрополот на локалитетот е 2/3 уништен засекогаш и искршени се и уништени огромен број на артефакти од различни периоди. Но и после 10 дена се уште не знаеме кој точно го направил сквернавењето, бидејќи не е издадена довола од ниту една институција или министерство, а багерот кој стои се уште на акрополот е единствениот сведок за сквернавењето на овој познат локалитет.

Фотографии на самиот локалитет и форензиката која ја направив сведочат за траги на најмалку две различни возила, а по консултација со стручњаци (пред се физичари) мошне е чудно што за заземјувања на антена од мобилен оператор биле ископани 2 рова во должина од 200 метри, ширина од 10 метри и длабочина од 1 метар. Како да сакал некој да гради воено укрепување, а не заземјување за громобран!

За среќа, се работи за огромен локалитет со распространетост на 44 хектари, па така еден дел од акрополот како и првите/најниските фортификации се се’ уште достапни за научни проучувања. Доколку би се извеле заштитни ископувања на Градиште, како што е редот, тоа би значело проект кој би вклучил најмалку 300 луѓе од Демир Хисар и околината. Бидејќи се работи за површински огромен локалитет хетероген по капацитет, веројатно овие ископувања би траеле 6-7 месеци во годината, најмалку 3-4 години, за да се дојде до одредени базични резултати. Тоа би значело месечни придонеси за сите кои работат на овој локалитет, или со други зборови, најмалку 300 фамилии во заборавениот Демир Хисар буквално би егзистирале од него. Економската исплатливост и туристичка валозризација на локалитетот можеби ќе ја продискутирам во некој нареден текст.

За поголема резолуција кликни на фотогрфијата

Според изјавата на Паско Кузман, директор на УЗКН – дадена за неделникот “Сега”, за едно истражување на локалитет каде мобилните оператори сакаат да постават антена, се плаќа помеѓу 5.000 и 10.000 евра на институцијата во чија надлежност е локалитетот, а кое зависи од обемот на заштитно археолошко истражување кое мора да се направи пред градежните работи да почнат. Треба ли да се пресметува колку ќе чини оваа оштета … 500 000 евра, 1 милион евра … Штетата е непроценлива, не се мери во бројки, но кога е веќе направена, кривецот треба да си ги исплати парите без право на било каков приговор.

Поврзани текстови:

Bookmark and Share

3 Responses to “Ничиј багер, на ничија земја”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
September 2009
M T W T F S S
« Aug   Oct »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes