Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Скопскиот аквадукт заробен во сајбер просторот поради долгови на општина Бутел

Неколку скопски општини воопшто немаат свој портал, а помеѓу нив спаѓа и општина Бутел. Оваа новоформирана општина која заедно со општина Аеродром се создаде во 2005 година, произлезе од општината Чаир, а територијално се наоѓа во крајниот северен дел на  градот Скопје. На неа и беше доделен доменот opstinabutel.gov.mk кој веќе трета година е нефункционален. На сајтот на МАРНет може да се прочита дека веб страницата им е затворена поради долгувања, оти не платиле 3 пати по 310 денари. Навистина срамота за една општина, која јас како поединец можам сама да си платам хостинг и домен за една година. Ми доаѓа да им го платам долгот само за да можат граѓаните да се информираат на интернет за сите апдејтувања поврзани со Скопскиот Аквадукт.

Лично, оваа општина ме интересира само поради еден факт – а тоа е Аквадуктот кој се наоѓа на нивната територија. Аквадуктот се наоѓа исто така и на грбот и знамето на општина Бутел, а интересен факт е дека како лого го користи и јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Аквадуктот има прилично контроверзно потекло со хронолошки дијапазон на датирање од римскиот, се до отоманскиот период во Република Македонија. И покрај тоа што беа ветени ископувања од страна на Градскиот завод за заштита на спомениците на културата за кои тие добија пари, сепак ови истражувања не се случија.

Деновиве ќе почнеме со сондажни истражувања околу аквадуктот, кои ќе бидат сконцентрирани на крајниот дел од објектот каде што имало чешми. Постои и проект за конзервација на објектот, за чија целосна реализација ќе треба да се бараат средства од државата и од донатори. Во план е да се направи и дренажа за истекување на водата – вели Јани Антониев, директор на Националниот конзерваторски центар.

© Нетпрес 10.09.2008

Во оваа изјава има неколку грешки и неколку точни инфомации. Имено, господинот Антониев никогаш не бил директор на Националниот конзерваторски центар, ами на Градскиот завод за заштита на спомениците на културата сместен во црквата Св. Спас, на крајот од стариот дел од градот познат како Старата скопска чаршија, а веднаш под Кале. Ако е точно дека се добиени пари за ископување на Аквадуктот, сакам да знам зошто тие истражувања никогаш не се случиле и каде завршиле тие пари. Или можеби тие средства се одобрени, но никогаш не се префрлени на сметката за Заводот. И пак сакам да знам која е причината за тоа еден од најграмадните споменици на културата да остане без примарна датација во однос на временскиот период.

Треба внимателно да се даваат изјави во јавноста, зошто во ерата на интернетот не постои нешто кое не може да се пронајде, како што успеав да налетам на документот од Совет на Град Скопје со кој во 1999 година се потпишува одобрување на 2 000 000 денари за изградба на пристапен пат до Аквадуктот, пат кој никогаш не е направен а некој си ги лапнал парите.

На интернет можат да се прочитаат најразлични информации за овој споменик, но општина Бутел како субјект кој е под дифолт должен да се грижи, заштити и промовира, на најелементарион начин се откажа од него. Се поголемата популарност на археологијата во Македонија во моментите кога минатото се поставува во политички контекст, на некој начин го обликува јавното мислење на луѓето, па затоа мора да се биде внимателен какви информации ќе се дистрибуираат во јавноста.

Повеќепати до сега од администрација на општина Бутел изјавиле како тие се спремни да го заштитат и да се грижат за овој културно-историски споменик (па дури направиле и проект), иако до сега буквално не сториле ништо на тоа поле. Од друга страна,  ако тие не се способни да одржуваат еден веб сајт, кажете ми ве молам како ќе бидат спремни да заштитат монументален архитектонски објект каков што е Скопскиот Аквадукт?

Bookmark and Share

One Response to “Скопскиот аквадукт заробен во сајбер просторот поради долгови на општина Бутел”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
September 2009
M T W T F S S
« Aug   Oct »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes