Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon За туѓи бели дворови, копај си црни гробови!

Штета што сајтот на општината Демир Хисар не е во функција. Верувам дека деновиве со археолошкиот локалитет Градиште кој се наоѓа во селото Граиште, ќе беше една од најтаргетираните општини во Република Македонија и можеа да ја искористат моменталната “популарност” за самопромоција. Наместо локалната самоуправа да ја употреби веб страницата  за јавноста да дознае нешто повеќе за нивната работа, тие повторно остануваат непозната дестинација за сите љубители на природните убавини, културните богатства и манастирите. Имено, оваа општина е втора по бројноста на цркви во РМ, а манастирите во с. Слепче и с. Журче се едни од најпознатите во овој регион. Скудни податоци за градот Демир Хисар и за општината, за сега можат да се добијат исклучиво од Македонската Википедија, што е навистина поразително.

Целава оваа ситуација ме натера да ги пребројам археолошките локалитети кој спаѓаат во територијална надлежност на Демир Хисар. Верувале или не, во општина Демир Хисар, има вкупно 37 села во/и околу кои се регистрирани 120 археолошки локалитети, од праисторијата до 18 век. Овој податок доаѓа од Археолошката карта на Република Македонија (Том 2, МАНУ, 1996, стр.135-142). Немам увид во документацијата на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата (ребрендиран во Национален конзерваторски центар) од нивните рекогносцирања, па верувам дека таа бројка е поголема.

Не знам дали читателите се свесни колкаво количество на културно наследство поседува оваа мала општина, загубена во беспаќата на централна Македонија, која лесно можете да ја промашите, бидејќи на патот Кичево-Охрид воопшто нема ознака каде треба да скршнете за да ја посетите. Луѓето од селото Граиште, кое се наоѓа во закрила на ридот каде е сместен локалитетот Градиште, се горди на своето наследство. За нив ова брдо е познато како Граишка Чука, a Виолетова, една моја читателка на сајтот вели:

мајка ми е од таму, кажува дека на времето поројните дождови носеле римски монети од ридот…
интересно: војските на генералот Леонтиј биле тука стационирани, а Леонтиј денес им е селска слава…
селаните не даваат диви копачи да роварат, а со дозвола никој не дошол досега…

Многу тажно што оваа општина се стави на мапата на културни богатства, по еден немил настан, сквернавење на веќе добро познат и признат археолошки локалитет, од страна на мобилните оператори. Но што е она што ми се допаѓа во целата оваа прикаска. Мислам дека вреди мојата борба за зачувување на културното наследство на Македонија, зошто ја изгубив/ме оваа битка и овој локалитет, но се подигна јавната свесност кај луѓето за да не се  дозволи нешто слично да се случи во иднина. Факт е дека е направен криминал, и некој ќе одговара за тоа. Од друга страна се потврди мојата претпоставка која ја изнесов пред некое време на сајтот дека локалната самоуправа тешко се справува и менаџира со своите културни ресурси.

Ова е нова етапа од заштитата на културното наследство на Македонија. Локални љубители на нашето богатство контролираат и преку интернет известуваат за неговата повреда.

Затоа заштитете го културното наследство на Република Македонија – пишувајте или блогирајте за него. Блогирајте на повеќе јазици, што е особено важно за вашето препознавање во однос на јазикот, националноста, етникумот итн. Ставајте ги вашите проекти на интернет, направете го достапно за сите. Дигиталниот свет е само еден од можните начини кои ни го покажуваат патот кон заедничкиот “идентитет”. Имаме што да научиме од сопственото минато, а се надевам, имаме на што да ги подучиме и другите.

Но …

Да не се лажеме. Овие high tech алатки никогаш нема да можат да го заменат традиционалното ископување, рекогносцирање и останатите анализи, но можат да дадат многу нови можности на археолозите со чија помош истите тие традиционални методи би се подобриле. Со глобалниот пораст на популација забрзани се и промените на изгледот на нашата планета, кои “понекогаш” не можат да го пратат модерниот развој. Со тоа се зголемува и очајничката трка на археолозите ширум светот да го лоцираат и документираат културното наследство пред тоа да биде изгубено.

Нека му е “лесна земја” на локалитетот Градиште, некогашниот Bryanion и средновековниот Добрун. Kога еднаш над некој локалитет ќе помине булдожер, тој биде поплочен или поплавен, засекогаш е изгубен за науката. Загубени се и информациите кои тој ги содржел и кои неповратно отишле со неговото уништување.

Bookmark and Share

3 Responses to “За туѓи бели дворови, копај си црни гробови!”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
September 2009
M T W T F S S
« Aug   Oct »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes