Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Базна станица на мобилни оператори уништи археолошко наоѓалиште во демирхисарско

Ударната вест на Канал5 телевизија ги “затече” мобилните оператори во Македонија, на кои не им е прв пат да постават базна станица за антена на археолошки локалитет. Но веројатно ќе им биде последен пат, затоа што јас немам намера да запрам тука, и ќе ги издокументирам сите локалитети на кои е направена деструкција со поставување на ваков тип објекти. Следниот пат ќе се движам со мобилен на кој имам фороапарат со добра резолуција и wi fi, и директно ќе праќам фотографии и известувања на интернет, со помош токму од нивните антени кои уништиле археолошките локалитети.

Според изјавата на директорот на УЗКН (Управа за заштита на културното наследство), мобилните оператори заработија кривична пријава. Тоа и не е од толку големо значење се додека не ги дислоцираат антените од локалитетот, не платат за штетата која е нанесена на културното богатство на Македонија, и не ги финансираат ископувањата на локалитетот. Бидејќи законот налага доколку при работа на терен се наиде на археолошки локалитет, работите се стопираат во должина на временскиот период кој им е потребен на археолозите да го истражат, а при тоа плаќа инвеститорот. А колку треба да се плати за уништување?

Многумина веројатно не знаат дека осквернавен е и археолошкиот локалитет Скупи, во Злокуќани за што повеќе информации со приложена мапа, можете да прочитате од постот на волан.

На дописничката на Канал5 телевизија и бил забранет приод на локалитетот, оти вчера имало толку многу полиција, што воопшто не можело да се дојде ни во близината на градиштето. Поради тоа, тие уредно ми се јавија и побараа дозвола за емитување на фото и видео материјалот кој ние аматерски го наснимивме при нашата последна посета. Навистина еден навремен, брз и коректен пристап на Канал 5 телевизија, за разлика од весникот Дневник кој пред извесно време се дрзна да позајми еден мој текст, да го вметне во свој напис и притоа ниту да ме спомене ниту да ме линка, ниту пак да се извини за сторената постапка.

Му благодарам на волан кој најавата за прилогот, а потоа и самиот приилог ги подигна на неговиот канал на youtube.

Нема потреба никој ништо да “порачува”, ова не е кафана. Ова е уништување на културно наследство кое припаѓа на целиот свет и некој кривично мора да одговара, со име и со презиме.

Во прилог ја постирам веста на Канал 5 телевизија:

Парчиња керамика и делови од садови раздробени од механизација, претумбани на сите страни од откопувањата па закопувањата на рововите – вака изгледа археолошкиот локалитет градиште кај демирхисарското село Граиште. Првото уништување на локалитетот настанало при поставување антени за мобилните оператори, а потоа комплетно е разурнато обѕидувањето со ров ископан за да се постави громобран. Багерот кој ги создал оштетувањата се гледа на снимките кои ги направиле археолозите кои беспомошно молеле да се прекине со работата. Со работата со механизацијата комплетно се уништени две третини од акрополот на локалитетот.

При работата со механизацијата прво е уништено највисокото обѕидување, исто така голем број искршени уништени керамички садови почнувајќи од третиот век пред нашата ера до 13 век од нашата ера – раскажува Василка Димитровска археолог

Овој локалитет е заведен во археолошката карта на Македонија. Според пронајдените предмети од железо и византиски монети се претпоставува дека ова било јадрото на средновековниот град Добрун. Сега од локалитетот не остана ништо – сведочат археолозите

Димитровска вели дека според наодите во антиката тука се наоѓал градот Брианион споменат од римски историчари и географот Страбон. Пронајдените археолошки предмети се во музеите во Битола и Прилеп

Зошто тогаш е дозволено со механизацијата да се уништува културното добро? Кој ја издал и потпишал дозволата која значела деструкција на градиште. Од управата за културно наследство велат дека не издале дозвола за поставување на предаватели за мобилните оператори. По дојаваа од археолозите нивните инспектори биле на терен и уште денеска ќе биде поднесена кривична пријава за уништување на културно наследство

Директорот на управата за заштита на културно наследство Паско Кузман вели “Сите знаат. Jас не знам кој го порачал, ова е невидено. Досега си поднесувале барања. Ова е пропуст. Се разбира дека нема да дозволиме да се поставуваат репетитори.

Селаните пак со барање да им се врати земјиштето за тие да можат да ја земаат наемнината од мобилните оператори.

Денеска селото во демирхисарско беше блокирано од полицијата. На новинарските екипи им беше забранет секаков пристап до археолошкиот локалитет.

11.09.2009, 17:37

©Канал5

Bookmark and Share

2 Responses to “Базна станица на мобилни оператори уништи археолошко наоѓалиште во демирхисарско”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
September 2009
M T W T F S S
« Aug   Oct »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes