Home Туризам Потонат туризам

Потонат туризам

4,962 views
12

Случката за несреќата со потонатиот брод туристи во Охрид ме затекна во пресрет на почетокот од вториот дел на конференцијата BlogOpen09 во Ниш. Бидејќи тоа е интернет конференција пред се составена од блогери и постојано бевме прикачени на интернет, веста се рашири пред да самне попладнето, уште додека пиевме кафе по сокачињата на стариот дел од градот Ниш.

Пред извесно време имав “слична” ситуација, секако не толку драматична како оваа. Водев група на странски туристи во Охрид, гости на фирмата која ја извршува контролата на летање во Македонија. Познато е дека кога шетате во стариот дел од градот и стигнете до Св. Јован Канео, можете за ефтина цена да изнајмите или да се качите во некое од кајчињата кои ќе ве одведат директно на местото каде стоеше ресторантот Уранија, сега бетонска плажа. Возењето е пријатно и кратко, и наместо да пешачите веднаш слегувате во близината на Св. Софија која попатно може да се посети, доколку итинерарот на турата го вклучува овој храм.

Во кајчето се качивме јас и уште 10 луѓе, иако сметам дека капацитетот не беше за повеќе од осуммина. При проценката со луѓето заедно, заклучивме дека би можеле да го сториме тоа иако јас на себе ја презедов одговорноста и го прекорив сопственикот на кајчето дека не смее да качува луѓе кои ги вози на неколку стотини метри од обалата, а да не им даде спасувачки појаси. Башка чинам и дека не му беше кој знае колку исправно, но во моментот немавме избор. Или кајчето или уште 15 минути пешачење до Св. Софија на 36 степени, откако веќе испешачивме 2 часа на сонце.

Сликано во Ниш на Блогопен, истиот ден кога потона бродот во Охрид
©Darko156

Можам да кажам дека ми е жал, дека сум згрозена од ова што се случи, можам да упатам сочувство до загинатите или како во моментов, да пишам јавна реакција на мојот сајт. Но ништо од тоа нема да се промени со зборување, туку со делување. Се минаа сите лимити во кои некои ентитети си играат со туризмот на една земја, кога добро знаеме дека имаме толку големо културно богатство и природни ресурси, што може цела нација да живее од тоа. Секако, само под услов добро да се изменаџира. Ама вие да изменаџирате смрт на дваесеттина луѓе, за кои идиотите на фајсбук кликаа лајк на линковите, не може да не помине со последици и тоа големи, по сите нас. Туризмот го прават луѓето. Но некои закони мора да се почитуаат. Најмногу оние за заштита на здравјето и опасност по животот на било кого. Понеделник се прогласи за ден на жалост во Бугарија оти починатите се странски туристи, а ние само пишуваме по блоговите и сајтовите на медиумите колку ни е жал за сето тоа. Дали поинаку би реагирале сите вие во однос на донесување на построги закони, ако не дај боже туристите беа домашни и меѓу нив се наоѓаа вашите најмили!?

Во светот на туризмот не е дозволено да се импровизира. Основната разлика помеѓу турист и авантурист е што првиот плаќа однапред за да биде сигурен во својот аранжман и без драматични меандрирања го помине својот однапред испланиран одмор. Се размислувам дали како дел од Сојузот на туристички водичи на Република Македонија, да дадам/еме наша јавна реакција на ова што се случува со туризмот, посебно во Охрид.  Засегната сум во прво лице еднина бидејќи не дај боже ова можело да ми се случи и на мене како на туристички водич, иако никогаш не би се осмелила на потег да качам двојно повеќе луѓе и со тоа да го загрозам својот и животот на туристите, бидејќи најсетне, јас помеѓу другото сум платена и токму поради тоа, нивната безбедност, а не само да им раскажувам приказни за културно историските споменици. Падна испитот за Психологија на туризмот кои го полагавме при добивање на нашите лиценци како водичи. Со него потонаа и сите дефиници за безбедноста на туристите кои туристичките водичи ги научија.

12 COMMENTS

  1. Сега откога прочитав, се замислив дали со овие туристи имаше водич? Ми се чини немаше таква информација до сега. Инаку, како што реков и на твојот пост на ФБ во врска со јавна рекација на Сојузот на туристички водичи, сметам дека треба нешто да се стори, бидејќи вие секојдневно, можеби и по неколку пати, треба да се справувате со локални тн туристички “бизнисмени”, желни за поголем профит, а како во случајов – со тоа се доведува во прашање животот и на туристите, но и вашиот.

  2. Многу добро прашање Славица. Дали имало туристички водич на бродот или со групата на туристи од Бугарија? Според законот за група поголема од 10 луѓе – домашна или странска, мора да се има присуство на најмалку еден водич и еден придружник, ако е групата поголема, според законот за туристичка дејност мора да бидат присутни два придружника и еден водич. Не е оваа ставка ставена во законот само за да се заработуваат пари од најмувањето на водичите и придружниците, ами заради нивната безбедност и правовремена услуга.

    А на ова своеволие со туризмот во Охрид, мора да му се стави крај. Бродот е прозведен во 1924 година. Немам коментар, па колку и да бил исправен.

  3. Е сега, во овој пост се поставува уште едно прашање, во случајот со чамецот од Канео до Уранија, како водичот прифатил да ги превезе туристите со пловен објект во чијашто безбедност се сомневал? Ние им се наостривме на Охриѓани (не дека не заслужиле), но за ова што се случи, одговорноста треба да се бара на многу места-институциите на државата кои треба да се грижат за безбедноста на сообраќајот за неспроведувањето на законите, сопствениците и екипажот на бродовите кои без трошка совест ги ставаат на ризик животите на патниците за некој денар плус, но и кај туристичките агенции кои не ја проверуваат безбедноста на превозните средства со кои ги превезуваат туристите. Баш ме потсети ова на една емисија на една од странските телевизии каде даваа како претставник од некоја голема туристичка агенција прво прави детална проверка на сите хотели, бродови и др. превозни средства кои би се користеле, меѓу другото и од аспект на задоволување на сите безбедносни стандарди и прописи. Се прашувам дали нашиве (па и агенциите од околината) прават такви инспекции пред да ги испратат туристите некаде.

  4. Откако се случи несреќава со бродот во Охрид, сега ми се враќа филмот назад за моето крстарење со чамецот низ езерото на Матка ова лето. Чамецот беше преполн и сегавеќе сум убеден дека ако тоа чамче имаше капацитет за некаде околу 8 луѓе, во него бевме најмалку 10-12. Башка што немавме никави појаси за заштита од евентуално, не дај Бож,е превртување на чамчето. Се сеќавам дека моторот од чамчето едвај не туркаше сите нас. Единствена гаранција за нашата безбедност беше наводното долгогодишно искуство на возачот на чамчето. Сешто можеше да се случи……И затоа на мојот профил на ФБ напишав дека сме ние крајно небезбедна држава, не само во врска со вакви настани туку и со се друго. Размислете, кој лифт во Скопјево е безбеден, на пример. Одамна не се возам со скопскиве лифтови, затоа што мислам дека се небезбедни. Знаат да возат и со половина сајла на нив. Или, не знам…..новиве градби во Скопје; колку се тие отпорни на земјотреси, па не дај Боже да стрефи некој поинтензивен, посебно што Скопје е трусно подртачје….Не знам……страшно.

  5. @ Jane

    во право си, примам критики на своја сметка и ќе гледам тоа никогаш повеќе да не ми се повтори во животот. А каде да ги пријавам и на кого овие нерегуларности генерално во туризмот, бидејќи немам ни добиено информација дали е некој надлежен за нив.

    @Vlado

    Често водам тури на Матка и со чамче одам до пештерата Врело за да си ги прошетам туристите или евентуално своите пријатели. Две работи секогаш ме бунеле, небезбедноста на патниците во чамчињата за кои не знам колку се исправни и цената која ја прават нивните газди, а вклучува и влезница за во пештерата. Би сакала да знам каде одат сите тие пари: за безбедноста на туристите, во нивниот личен џеб или дел во касата на Град Скопје кој е надлежен за Матка.

    Инаку следното одење на Матка се ќе документирам со фотографија и со клипови во однос на чамчињата и ќе постирам јавно.

  6. Жално е што се крева прав post festum, што требаше да се случи несреќа од вакви размери за да испливаат на површина прашања за безбедноста во сообраќајот, зашто да бидеме реални, не занемарувајќи ја специфичноста на пловењето, кај нас генерално ниту постои сообраќајна култура, ниту правилно се спроведуваат прописите па така се остава простор за хаос.

    Жално е и тоа што, генерално, полесно ни е свесно да ги прифатиме пропустите што би можеле многу да не чинат, отколку да реагираме и да се обидеме навреме да спречиме катастрофа.

    Василка е една од ретките што често јавно посочува на пропустите, неправилностите и нелогичностите околу нас. Би била среќна доколку кај нас медиумите објективно и неселективно би го правеле истото. Секоја чест на исклучоците, некаков напредок постои, но, гледајќи ги и слушајќи ги гадостите од категоријата на снимки на лешови (аман, можеа да помислат на семејствата на загинатите, покој им на душа), и на одушевувачки, скоро навивачки тонови во делот на известувањето за брзината со која потонал бродот, не можам да престанам да се прашувам како не се сетија да направат репортажа за се што ни се случуваше пред очите летово во Охрид, па и за дотраените градски автобуси и за милион други критични точки од нашево балканско секојдневие.

    Пак ќе кажам, секоја чест на исклучоците, можеби и имало по медиумите нешто вакво, но не сум го видела на насловна страна и очигледно не било изнесено со толкав интензитет за да иницира промена, подигнување на свесноста….Зашто менталниот склоп ни е таков каков што е, но мора да се дејствува, и агресивно да се турка и буди од зимскиот сон заспаната ни администрација, да не речам и генерално, заспаниот ни добар дел од вкупната популација, по однос на прашања кои живот значат.

  7. Ova shto ni se sluci vo Ohrid e strashno i zalno. No pred da pocnam da plukam po nekogo, sakam da kazam deka nesreki postojano se slucuvaat i toa sekade. Dodushe, vakvi brodski se tipicni za zemjite uslovno receno od Tretiot svet, no nesreki se slucuvaat i vo razvienite zemji.
    No, koga ke se sluci tuka vo nasha blizina, na nasha teritorija, koga samo ke pomislam deka nekoj od nas mozeshe da bide tamu, mi izgleda mnogu postrashno.
    Na Ohrid, biserot ne samo na Makedonija, ami i na Evropa, ova ne mu trebashe. I taka maka macevme da gi vratime turistite vo zemjava… i koga pomisliv deka neshto trgnalo na podobro, pljas…udar…shlakanica….sramota. I koj e sega vinoven za vakvata bruka? Kapetanot na brodot koj dozvolil vo negoviot ploven objekt da se kacat poveke patnici od dozvolenoto? Kapetanijata vo Ohrid vo cija nadleznost e vodeniot soobrakaj na ova ezero? Resornoto ministerstvo? Premierot? Ili narodot koj ja izbra ovaa vlast?
    Zakoni ima. Postojat. Ama, za zal nikoj ne gi sproveduva. Pa, Ohridskoto ezero si go zema danokot za vakvoto odnesuvanje. Ova bese kruna na luduvanjata, glupostite, nedolicnoto odnesuvanje vo vodeniot soobrkaj ova leto.
    Drugo prashanje e dali so grupata bugarski turisti imalo makedonski vodic i pridruznik, kako shto nalaga zakonot. Ne slushnav, a i iskreno ne veruvam, bidejki moeto dosegashno iskustvo mi kazuva deka na bugarskite grupi nashata istorija, nasheto kulturno nasledstvo im go raskazuvaat bugarski vodici. E za ova se vinovni nashite drzavni institucii. Vodic/pridruznik mora da ima. Toj e neposreden kontakt so site vo zemjava.
    Jas sum se nashla mnogupati vo situacija da vodam turisti vo Ohrid, pri shto isto taka sme imale krstarenje po ezeroto. Za sreka sekogas brodcinjata/brodovite bile dovolno golemi, no za starosta…hmmmmmmm Kolku poveke razmisluvam, tolku poveke mi navira cuvstvo na neprijatnost.
    I sega shto? Da ne bide samo kako vo narodnata, sekoe cudo za 3 dena.
    Ne e dovolno shto go zatvorija kapetanot, shto ministerot podnese ostavka. RABOTITE TREBA DA SE MENUVAAT OD KOREN!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here