Дома Блогосфера Бидна и BlogOpen09 во Ниш

Бидна и BlogOpen09 во Ниш

6,132 views
6

Овој Блогопен ќе ми остане со чувство на горчливо искуство кога уште не појдени за Ниш, на Наталија и го украдоа новчаникот на Автобуската станица во Скопје. Се се случи за 30 секунди, во моментите помеѓу плаќањето за куферите и качувањето да седнеме на нашите седиштата. Така за Ниш тргнавме тројца, а стигнавме двајца (Археоблог и Кузевски). Останатите (Блогот Комуникации и нивните госпожи) пристигнаа со кола.

Ако некогаш ве наведе патот да одите за Ниш, препорака е да ги имате во предвид сите превозни средства, освен Ниш експрес. Не дека е лоша услугата или се стари автобусите, но од овој превозник експресно е само името, оти патот Скопје-Ниш ќе ви трае 5 часа. Буквално влегуваше во секое населено место и малтене стоеше пред секоја жолта зграда. 🙂

Ниш изгледа апсолутно како Скопје, но од пред 10 години. Пред да му се случи архитектонскиот апдејт. Градот каде е роден големиот император Константин кој го признал христијанството во 325 година како една од многуте официјални религии во Римската империја, угости веројатно повеќе илјади посетители за неколку дена. Имено, на Нишката тврдина која е поголема од Скопската, а сепак помала од Калемегдан, паралелно се одржуваа неколку настани (Нисомнија, е-тврџава и др) во чија закрила се случуваше и дводневната конференција на Блогопен. Прво на самата тврдина, а потоа следниот ден во Културниот Центар на градот Ниш. Вториот ден не доседев до крајот и испуштив две презентации, зошто последен автобус за Скопје да ти имало во 17:45.

За самиот Blogopen имам моментално се уште поделено мислење во однос на многу работи. Конференцијата беше успешна со самиот факт што се одржа, се собраа толку луѓе колку што се собраа, а предизвика и медиумско внимание. Не сум многу компетентна да кажам колку беше квалитетна. Но впрочем, никогаш во животот не може да биде толку лошо, ако попатно стекнеш одредено искуство, нешто научиш или запознаеш прекрасни луѓе. Па што научив јас од овој Блогопен 2009.

Дека не може:

– како што рече Miss, да се направи “успешна” конференција која е традиционална, ако секоја година е во различен град и ја прави екипа на која ваков тип настани им е секогаш “прв пат”.

– да се користат целите на конференција како Блогопен за промоција на некоја фирма, бидејќи тоа веќе спаѓа во реклама.

– овој тип на благородна идеја да се престори во сираче кое лута, барајќи го својот идентитет дури после четвртата година.

– за сега според моето скромно мислење да се надминат високите стандарди кои за оваа конференција ги наметна Борската интернет организација во 2008 година.

Дека може:

– и во најлошите моменти да се случи нешто добро и позитивно. Tnx на Драган и новосаѓаните што ми го спасија животот кога ме нападна сунцобран во Казанџиското сокаче, додека другите ме сликаа и твитаа :)))

– од Новите Медиуми да се научи многу, бидејќи нивната терминологија е адаптибилна на секој јазик, а уште полесно е применлива ако се знае фактот дека со малку напор и по некоја финта, може да се постигнат чуда. Типичен пример за тоа сум јас оти пред да почнам да блогирам, бев тапа и без употребата на Новите Медиуми и поддршката од некои луѓе никогаш не ќе успеев Археоблог да го издигнам на ова рамниште.

– без разлика на граматичките грешки и лошиот правопис, да се пишува. И дека треба да се пишува, оти подобро е да се блогира, отколку да му се робува на правописот. Браво Бане, добра презентација и уште подобра дебата!

– во Македонија да се организира конференција рамна на Блогопен, но во пошироки регионални рамки, оти фалеа словенечките и бугарските блогери. Впрочем искуствата од нашите блогерски конференции го потврдуваат тоа.

Екипата на @Blogopen ме спасува од налет на сунцобран во Казанџиското сокаче. Другиот дел слика и твита :)))

photo @IgorMitrovic

Ме радува што видов некои од старите пријатели, а запознав умни, интересни, креативни, дружељубиви и шармантни луѓе со кои се дружевме постојано два дена. Но главната цел поради која одам на BlogOpen освен дружењето е потенцијалот за кратко време да се слушнат, споделат и научат толку многу работи, за кои на мене како археолог и лаик за интернет алатки, би ми требало најмалку барем 1 година да ги совладам сама. Притоа сфатив дека блоговите нема да умрат, туку уште повеќе ќе еволуираат. Мојот блог одамна ме надрасна мена, а постојат големи шанси и да ме надживее. Некои блогираат за пари, некои за слава, некои за едното и другото, некои да споделат знаење, а поголемиот процент блогираат за да биде нивното мислење прочитано, усвоено, по можност апдејтувано, и наминато како застарено. Па сепак да сведочи за еден момент од времето кога биле свесни за неговата вредност во еволутивниот пат на светската мисла и технологијата.

После овој #Blogopen 09 дефинитивно излегов од бета верзија. Повторно се потврди аксиомата дека човек учи од другите, но најмногу учи од себе. Приказната заврши, завесата се спушти. Благодарам што бев дел од овој настан. Одиме на нови и повисоки нивоа. Секогаш има подобро. И од најдоброто – има подобро. Една гренландска народна поговорка вели: Кога си стигнал предалеку и не можеш да направиш уште еден чекор, значи дека си поминал само половина од она за кое што си способен. А што велат блогерите за тоа……?

Останати текстови на оваа тема:

Махлат – Ja se vratila
Putnik – Utisci sa BlogOpen09
Dragan VaragićBlogOpen09 Niš
Dinke’s Personal Blog BLOGOPEN 09
IT DogadjajiBlogeri u NKC-u
Walter Blogeri i ja u Nišu (deo prvi)
IT DogadjajiEtvrđava i BlogOpen – Kad porastem biću bloger

6 КОМЕНТАРИ

  1. Još jednom da se najsrdačnije zahvalim na poseti.

    Tekst koji ste napisali je vrlo konstruktivan i svakako mora poslužiti u cilju što kvalitetnijih organizacija budućih dešavanja.

  2. […] Бидна и BlogOpen09 во Ниш Конкурс за Blogopedia 2009 БлогОпен 2009 (еТврдина), Ниш Гостување на Археоблог во емисијата Ало Скопје Како изгледа Археоблог публикуван на српски јазик Ете бидна и BlogOpen 2008 во Бор Археоблог публикуван во Блогопедија 2008 Blogopen 2008, конкурс за Blogopedia и една нова понапредна блогерска заедница var addthis_pub = ‘addthis’; var addthis_language = ‘en’;var addthis_options = ’email, favorites, digg, delicious, myspace, google, facebook, reddit, live, more’; […]

Leave a Reply to BlogOpen09 Oficijalni deo | Walter.rs

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име