Home Блогосфера Како весникот Дневник “позајмува” од мојот блог – Каде е гробот на...

Како весникот Дневник “позајмува” од мојот блог – Каде е гробот на Богородица

6,265 views
10

Случаите со крадење на текстови и фотографии од блогови/сајтови без цитирање, од пред неколку години стана редовна пракса на македонските мејнстрим медиуми. Веројатно сите се сеќаваат на настанот кога блогерот со ник нејм Психологот беше уапсен во автобусот број 5. Неколку дена по објавувањето на постот за неговите проблеми со органите на власта, Вечер го хакна неговиот текст без да го цитира. Веднаш реагираше блог заедницата, а Вечер воопшто не се извинија по твој повод. На весникот Вечер инаку тоа не им е прв пат да сторат интелектуална кражба. Само неколку месеци по овој инцидент, постот за новите денари кој го имаше напишано Каспер, еден од администраторите на блогот Тепај време по втор пат докажа дека овој весник не наведува извори на своите написи, посебно кога се работи за информации превземени од блог каде секој може да ја провери нивната веродостојност. Од нивна страна годинава имаше повторно случај во предизборната кампања кога по кој знае кој пат се дрзнаа да крадат текстови од блогери, но овој исход не и е познат на јавноста.

Навистина не знам што си мислат новинарите и медиумите. Дека нема да ги откриеме или…? Не научија во Македонија дека се што ќе се напише на интернет остава трага засекогаш. Помина долг период, можеби три години, откако новинарите не ми “позајмиле” некој текст или делови од одреден пост. Знам дека моите постови честопати се инспирација за написите во мејнстрим весниците со оглед на тематиката која ја обработувам, а и поради фактот што јас сум една од ретките која “не позајмува”, туку создава научно-популарни содржини и уникатни постови на интернет, згора на тоа и на кирилица. Затоа да се “позајми” од мојот блог, да не бидам спомената и притоа да се остане невидлив на интернет, е просто невозможно и е рамно на лудило. Информациите метастазираат во дел од секундата.

Лично само еднашка директно сум имала проблем со кршењето на моите авторски права од еден печатен медиум. Конкретно Неделно време во периодот кога Бранко Геровски беше уредник, објави мој текст со уреден линк, но не праша и не доби дозвола за таква постапка. Тука почна, но и заврши целата перипетија.

http://arheo.com.mk/2008/09/21/the-tomb-of-virgin-mary/

Каде е гробот на Пресвета Дева Марија (Мајка Богородица)? » Археолошки дневник vol.2.1/2 © via kwout

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2103B618770D2843BA49EB4538F608BA

Dnevnik via kwout

Линкот дека се “позајмени” одредени делови од мојот текст Каде е гробот на Пресвета Дева Марија (Мајка Богородица)?, го добив благодарение на една корисничка на фејсбук. Релацијата е проста и едноставна. Неколку дена наспроти големиот христијански празник Успението на Пресвета Богородица кој се празнува на 28.08, во весникот Дневник се појави напис без потпишан новинар кој ја третира оваа тематика и во кој се вели дека информациите се превземени од Ројтерс, без притоа да се приложи линк до оригиналниот текст. Елем, како текстот на Ројтерс е достапен на интернет при анализирање може да се забележи дека одредени делови се навистина дословно преведени, а остатокот од текстот е пополнет со податоци од мојот пост. Историјатот на тој текст вели дека е публикуван неколку пати. Прво е објавен во списанието Комплетна во септември 2005 година. Една година подоцна го поставив на својот стар блог, потоа е публикуван во книгата Археолошки дневник, го репринтав на мојот сајт, а пред некое време го ретвитав и го споделив на фејсбук.

http://arheo.com.mk/2008/09/21/the-tomb-of-virgin-mary/

Каде е гробот на Пресвета Дева Марија (Мајка Богородица)? » Археолошки дневник vol.2.1/2 © via kwout

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2103B618770D2843BA49EB4538F608BA

Dnevnik via kwout

Ова се хронолошки текстовите за Гробот на Мајка Богородица:

Мојот оригинален пост – Каде е гробот на Пресвета Дева Марија (Мајка Богородица)?

цитираниот текст од Ројтерс – Legends, vision draw pilgrims to “Mary’s House”

написот во Дневник – Легенди ги водат верниците до домот на Богородица

Кога се обратив до твитер заедницата и ја споделив информацијата на фејсбук, првата реакција беше да го тужам весникот Дневник со отворена понудена правна помош од одредени адвокати кои ме читаат. Потоа да го контактирам ЗНМ и Советот на честа на новинарите и најсетне да упатам директно писмо до уредникот на Дневник да го отстрани текстот од нивниот сајт или да ми плати хонорар.

http://arheo.com.mk/2008/09/21/the-tomb-of-virgin-mary/

Каде е гробот на Пресвета Дева Марија (Мајка Богородица)? » Археолошки дневник vol.2.1/2 © via kwout

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2103B618770D2843BA49EB4538F608BA

Dnevnik via kwout

Посебно овој дел би сакала да знам каде точно да го пронајдам во написот од Ројтерс кој е официјално цитиран

Во дигиталното доба е многу тешко да се заштити интелектуалниот труд, посебно ако е објавен на интернет. Непобитен факт е дека штом едно дело се стави он лајн, многу е тешко технички да се спречи неговото даунлодирање, преработување или плагирање. Поради тоа од почетокот на моето појавување на интернет, прво на блоговите, а потоа на сајтот имам ставено една од лиценците на Кријетив Kомонс која е токму во врска со копирањето и размножувањето, но под определени услови. Тоа значи дека секој може да преработи мое дело – но мора да наведе извор – да е тоа за некомерцијални цели – и да го сподели под истите услови. Јас се борам за еден подобар свет преку споделување на знаењето на интернет, и тоа го правам доброволно и волонтерски без никаква надокнада. Но копирање на мој текст и негова преработка без да се наведе изворот, а притоа да се појави во медиум кој се продава, директно ги крши начелата на лиценцата која ја имам поставено. Треба да се знае дека Кријетив Kомонс не е правна лиценца и не обезбедува правна заштита. Така во случај доколку некој ја злоупотреби, тогаш одговорноста паѓа на авторот сам да си ги оствари своите права преку суд. А јас тоа имам намера да го сторам, освен во случај ако весникот Дневник јавно не ми се извини.

Додаток 1: Фондацијата Метаморфозис, која е официјален претставник на Криејтив комонс за Македонија, изврши превод и приспособување на текстот на лиценците на македонската правна рамка. По овој повод би сакала да го знам нивниот јавен став!

Додаток 2: Мојата акредитација и учество на годинешната регионална блогерска конференција во Ниш, BlogOpen, се веќе потврдени. Познато е дека за време на конференцијата а и потоа, ќе се пишува по блогови, сајтови, фејсбук, ќе се твита … а веројатно ќе се пренесува и во живо на интернет. Можеби не би била лоша идеја пред блогерска заедница да го изнесам моето искуство со македонските мејнстрим медиуми. Белки ќе се види некој аир и од таквото споделување на информации во балкански рамки :)))

10 COMMENTS

  1. вака на прва не успеав да приметам кои точно делови се “прекопирани” – дали се овие параграфите што ги имаш линкано преку kwout?

    само за потсетување,
    законот за авторски права го регулира само копирањето (и тоа во одредена мерка) и дериватните дела, а никако дистрибуцијата на *податоци*, факти и слично. Од тоа, и ниедна луценца не може да биде надлежна за нешто што законот го третира како слободно за користење на било кој начин.

  2. Но, да не заборавиме дека има и плагирање во обратната насока.

    На пример, токму на таа тема деновиве имав сериозни и на моменти напнати разговори со еден туристички портал, кој во период од околу две години редовно „позајмува“ мои репортажи, првично објавени во мејстрим медиум, редовно случајно пропуштајќи го мојот потпис и изворот на текстот.

  3. Имаш една грешка во текстот… на 28/08 не се слави Раѓање на Богородица, туку Успение.
    Раѓањето се слави на 21/09.

    Мрч, чисто да се зачува конзистентноста на информациите кои циркулираат 🙂

    Поздрав!

  4. […] коректен проистап на Канал 5 телевизија, за разлика од весникот Дневник кој пред извесно време се дрзна да по…, да го вметне во свој напис и притоа ниту да ме спомене […]

Leave a Reply to дамјан Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here