Home Артизани Како револуцијата ќе биде твитувана

Како револуцијата ќе биде твитувана

2,995 views
3

Кога завчера напишав Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш, сакав само да укажам на револуцијата која во моментот се случува а е поврзана со содржини кои корисниците ги постираат (линкаат) на некои од социјалните мрежи (под ова мислам конкретно на фејсбук) или на твитер. Три работи ме натераа да го напишам набрзина овој пост.

1. Откако беше постирано на твитер видеото „Social Media Revolution”, не помина многу време (во текот на денот) истото беше основа за текстот Револуцијата ќе биде твитувана на IT порталот, каде се објаснува “важноста на друштвените мрежи и напредокот на технологијата. Но, зборува и за тоа како се информираме преку друштвените мрежи”. Авторот на текстот Виктор Арсовски објаснува: “воопшто не барав некоја посебна информација, видеото само се појави бидејќи бев заинтересиран за што другите зборуваат. Подоцна видов дека линкот до истото видео е твитнат од повеќе корисници”.

2. Пред скоро една недела објавив пост со кратко инфо за Најстарата мапа на светот со претстава на пејсаж. Во денешен Дневник може да се прочита текстот Западноевропеецот пред 14.000 години изгравирал мапа во камен, кој е само  уште еден од стотиците написи до сега кои потврдуваат дека новинарите ме читаат што ќе напишам на мојот блог/сајт. За разлика од пред неколку години, повеќе не ме крадат ами сум инспирација и репер за новите откритија во светот, иако се уште не размислуваат со своја глава и наместо нешто да создадат, препишуваат или ја употребуваат најлесната варијанта веќе долго време применувана од македонските медиуми – преведуваат светски статии без да напоменат кој е изворот.

3. Репортажата за Крушево етно град на BBC News само еден ден откако беше поставена на youtube, вчера беше твитувана и линкана на фејсбук, а веќе денеска се појави текстот Репортажа за Крушево емитувана на Би-Би-Си во Утрински весник. Еден симпатичен и пред се реален приод на новинарката од BBC успеа да го долови настанот-проект во Крушево за кои луѓето имаа поделено мислење пред да почне да се реазлизира.

Зошто го пишувам сето ова? Затоа што револуцијата веќе се случува и ако не бидеш дел од неа, таа ќе те одмине како да не си постоел/а. Доколку не оставите траен запис на интернет, во иднината никој нема да знае ниту дека сте постоеле, ниту дека сте создале нешто зад себе. Ако мислите дека друштвените мрежи и твитер треба да одат по ѓаволите и сето тоа е губење на време, немојте да се грижите. Ако вие не ги пронајдете нив, верувајте во најскоро време, тие ќе ве пронајдат вас.

3 COMMENTS

  1. Не би одел толку храбро со констатациите дека традиционалните медиуми ги копираат новиве, едноставно ние ги добиваме информциите по други канали и не зависиме од уредувачки политики и издавачки циклуси.

    Факт, често може да бидат инспирација, ама, да повторам, не би одел толку самоуверено со таа теза. 🙂

  2. За другите работи не би можела да бидам сосема сигурна бидејќи и не ги следам перманентно, но што се однесува до археологијата, не само што би одела со таа констатација, туку би ја прогласила за аксиома. Многу добро знам што треба да се извлече од некоја информација, бидејќи знам што е тоа што вреди или е моментално хит (зборувам за откритија) во светот на археологијата. Медиумите се изгубени во тоните информации и можноста за проценка им е сведена на минимум. Башка не е прв пат да се случи постирана вест кај мене подоцна да се појави во некој од весниците, нормално здиплена од некој светски медиум и со фино спастрен превод. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here