Home Архео TV 2.0 Time Тeam (UK vs. USA)

Time Тeam (UK vs. USA)

2,109 views
1

Time Тeam е насловот на една од најгледаните документарни серии за археологија, која во Велика Британија започна да се емитува во 1994 година. Со мали измени на екипата, работата на овој тим веќе со години е хит во континентална Европа, а од неодамна си доби свој пандан преку океанот во Time Тeam America, кој започна да се емитува пред неполн месец дена. Се работи за тим на археолози и специјалисти  кои им помагаат во форензиката, да истражат однапред пикиран археолошки локалитет со најразличен хронолошки дијапазон, од праисторијата до нашето совремие, по можност да е што поконтровезен во однос на наодите или преданијата, примајќи постојано сугестии за својата работа. Во рок од три дена тие прават ископување на наоѓалиштето и анализа на артефактите, сето тоа пред будното око на камерата. Со огромно влијание врз публиката и јавноста, посебно во поткренување на свесноста за археологијата кај обичните луѓе, беше изнесен податокот дека учесниците во серијата после секоја сезона публикуваат повеќе научни статии за изведените ископувања, отколку што тоа го прават за истиот период сите британски универзитетски оддели за археологија заедно.

дел 2, дел 3, дел 4 и дел 5 од истата епизода

Можеби некои од вас се сретнале со парцијални епизоди на Time Team, бидејќи правата за емитување се отстапени  на популарните Discovery Channel и History Channel. На официјалниот сајт може да се погледне репертоарот по сезони и години, вклучително со објаснување за методологијата на истражување  на локалитетите за секое снимање посебно, а заинтересираните истите епизоди можат да ги најдат на youtube или евентуално да ги симнат од торенти. Да се надеваме дека еден ден ќе се создаде вистинска генерација на археолози во Македонија која смело ќе излезе пред камерите не штедејќи го својот квалитет и знаење. А до тогаш, имаме уште многу да учиме што е тоа вистинска археологија.

1 COMMENT

  1. na Britansliot Channel4 odi so godini, i nasheto semejstvo sekoj chetvrtok navecher ja gleda serijata.
    Shteta shto vo MKD nemame luge koi bi se zalagale tokmu taka za zachuvuvanje na istorislkite bogatstva na zemjata…britancite imaat mn pomalku istorijski sloevi od nas, ama toa ne im prechi da iskopuvaat non-stop…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here