Home Антропологија Како да го искористам Google за (само)промоција

Како да го искористам Google за (само)промоција

1,540 views
3

Како последица од свинскиот грип, на најголем удар во Мексико се најдоа археологијата и туризмот. Повеќе од 173 археолошки локалитети и 116 музеи беа затворени повеќе од една недела што на оваа земја и донесе своевиден економски културен шок. За да ги поврати туристите во Мексико, Instituto Nacional de Antropología e Historia прво отвори свој канал на youtube, а потоа потпиша договор со Google за употреба на неколку нивни платформи помеѓу кои и Google Earth, каде што ќе бидат лоцирани археолошките локалитети со мапи и правци како да се стигне до нив.

За споредба можам да го употребам сајтот Macedonia Timeless посветен на кампањата за промоција на македонскиот туризам. На него во еден дел се наоѓаат линкови кои реферираат до одредени сегменти од македонската археологијата. Погледнете го тоа јадно друштво од сајтови кои треба да послужат за промоција на археолошките локалитети, од кои посебно некои се со огромни дупки видливи дури и преку Google Earth. Меѓутоа ниту една институција, вклучувајќи ги тука Министерствата за информатика и култура, воопшто не се грижи за презентирањето на нашето налседство на интернет, туку тоа се должи на одредени мини проекти и добрата воља на некои луѓе да остават нешто за себе.

Уште многу реки ќе протечат додека на челото од сега се уште непостоечкото Министерство за културно наследство дојде вистински визионер кој ќе ги употреби сите бесплатни интернет алакти за промоција кои засегнуваат многу други гранки, меѓу кои и туризмот. И наместо правење на спотови (што се секако неопходни) кои можат да ги видат само одреден број на луѓе, треба да се засукаат ракавите и да се почне со претставување на нашето културно богатство на интернет. Податоците на интернет се она коешто ќе опстане во иднина, секако доколку интернетот не биде заменет со некоја подобра и понапредна технологија.

3 COMMENTS

Leave a Reply to Архео пресек низ 2009 » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here