28th June 2009

Настани – ФЕМФЕСТ 2009

posted in Конференција, симпозиум, Настани |

Постојат многу големи шанси да се појавам на една од дебатите (Влијанието на денешните медиуми врз жените) на престојниот ФЕМФЕСТ 2009. Овој фестивал ќе се одржува во Прилеп и Скопје помеѓу 29.06.2009 – 05.07.2009 на повеќе места и ќе вклучи шаренолик дијапазон на настани. На официјалната страница на фејсбук и на блогот подигнат за овој настан, го има комплентиот распоред  на програмата по денови и сатници, како и кратко инфо за тоа што претставува ФЕМФЕСТ 2009:

ФЕМФЕСТ е фестивал на музика, уметност и работилници направен од жени. :) На фестивалот ќе се одржат концерти на девет женски / мешани бендови и диџеј сетови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Чешка. Покрај забавниот дел, Фемфест, исто така, ги носи темите: Дискриминација на жените на пазарот на трудот, Влијанието на денешните медиуми врз жените, Жените Ромки помеѓу сексизмот и расизмот во Македонија итн.

Добре дојдени сте сите! Дојдете да славиме заедно!

femfest2009

Фемфест е организиран од Здруженијата на граѓани/ки Мировна Акција, Акција Здруженска и многу пријателки и пријатели.

Да го растресеме патријархатот, да зборуваме за сексизмот и дискриминацијата, да зборуваме за работите околу нас, да обрнеме внимание на тоа што се случува околу нас, да зборуваме за тоа што се премолчува и ретко се зборува, да ја размрдаме пасивноста. Сакаме да го предизвикаме системот на вредности кој ни се наметнува, кои ја ограничуваат, врзуваат, газат, условуваат, експлоатираат, угнетуваат индивидуата, а посебно оние кои и се наметнуваат на жената.

Да го промениме статусот кво кој ни е даден во општеството, да креираме простор на солидарност наместо натпреварување, каде секој/а е прифатен/а и помогнат/а. Истовремено да ја славиме женската креативност,да се забавуваме, танцуваме, уживаме …

Помеѓу другите настани ќе има и Изложба на Стрип работилницата; Делење на брошури, маички, чанти со пароли итн; Штанд за рачно направена бижутерија; Графити арт на големо платно; Краток курс за фотографија.

*Влезот е слободен на сите работилници и концерти!

Bookmark and Share

There is currently one response to “Настани – ФЕМФЕСТ 2009”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On July 3rd, 2009, Панел дискусија “Жените во технологијата - Дигитални граници” » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] рамките на Фем фестивалот, утре ќе настапам на јавната дискусија која во себе ги [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes