Дома Конференција, симпозиум Настани – ФЕМФЕСТ 2009

Настани – ФЕМФЕСТ 2009

2,710 views
1

Постојат многу големи шанси да се појавам на една од дебатите (Влијанието на денешните медиуми врз жените) на престојниот ФЕМФЕСТ 2009. Овој фестивал ќе се одржува во Прилеп и Скопје помеѓу 29.06.2009 – 05.07.2009 на повеќе места и ќе вклучи шаренолик дијапазон на настани. На официјалната страница на фејсбук и на блогот подигнат за овој настан, го има комплентиот распоред  на програмата по денови и сатници, како и кратко инфо за тоа што претставува ФЕМФЕСТ 2009:

ФЕМФЕСТ е фестивал на музика, уметност и работилници направен од жени. 🙂 На фестивалот ќе се одржат концерти на девет женски / мешани бендови и диџеј сетови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Чешка. Покрај забавниот дел, Фемфест, исто така, ги носи темите: Дискриминација на жените на пазарот на трудот, Влијанието на денешните медиуми врз жените, Жените Ромки помеѓу сексизмот и расизмот во Македонија итн.

Добре дојдени сте сите! Дојдете да славиме заедно!

femfest2009

Фемфест е организиран од Здруженијата на граѓани/ки Мировна Акција, Акција Здруженска и многу пријателки и пријатели.

Да го растресеме патријархатот, да зборуваме за сексизмот и дискриминацијата, да зборуваме за работите околу нас, да обрнеме внимание на тоа што се случува околу нас, да зборуваме за тоа што се премолчува и ретко се зборува, да ја размрдаме пасивноста. Сакаме да го предизвикаме системот на вредности кој ни се наметнува, кои ја ограничуваат, врзуваат, газат, условуваат, експлоатираат, угнетуваат индивидуата, а посебно оние кои и се наметнуваат на жената.

Да го промениме статусот кво кој ни е даден во општеството, да креираме простор на солидарност наместо натпреварување, каде секој/а е прифатен/а и помогнат/а. Истовремено да ја славиме женската креативност,да се забавуваме, танцуваме, уживаме …

Помеѓу другите настани ќе има и Изложба на Стрип работилницата; Делење на брошури, маички, чанти со пароли итн; Штанд за рачно направена бижутерија; Графити арт на големо платно; Краток курс за фотографија.

*Влезот е слободен на сите работилници и концерти!

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име