Дома Археологија Политика на археолошки ископувања кај една земја во транзиција (1)

Политика на археолошки ископувања кај една земја во транзиција (1)

2,130 views
2

Република Македонија е веројатно една од ретките земји во светот која нема стратегија за заштита на културното наследство, не ја развива археологијата во правец на недеструктивни методи, земја во која не постојат листи на приоритетни споменици, а за уредени пејсажи и културни предели пак воопшто да не зборуваме.

Конкретната причина за овој пост е археолошка политика, или ако милувате политиката на археолошки ископувања која се спроведува во Република Македонија во последните 30 години. Кај нас точно се знаеше кој може да врши археолошки ископувања. Тоа беа, и се уште се вработените во институции како Музеите или евентуално Заводите за заштита на спомениците на културата. А прашањето дали луѓето кои работат таму се доволно остручени за својата позиција во која се удобно сместени со децении, никогаш не било доведено како спорна ситуација.

Во 80тите години од 20 век, овие институции во најголемиот број случаи копаа некрополи. Причината е едноставна. Некрополите секогаш обилуваат со интересни, напати ексклузивни археолошки примероци, кои од друга страна се артефакти потребни да ги наполнат витрините, а со тоа и да ги привлечат посетителите во музеите. Како последица на оваа практика не постои ниту еден локалитет во Република Македонија кој има хоризонтална стратиграфија, бидејќи овој тип на ископувања се пред се вертикални, заштитни и краткотрајни со отсуство на било како долгорочно планирање за идна стратегија во која би спаѓале – уредување а потоа и презентирање на локалитетот.

И додека се создаваше Археолошката карта на Република Македонија публикувана од страна на МАНУ во 1996 година, со податоци кои во тој момент беа 20 години застарени, Грците на интернет го купија домејнот macedonia.com. Со тоа и го нанесоа еден од најсилните удари на македонската археологија од кои и денеска тешко се опоравува. Но ниту овој момент не придонесе да се созрее во поглед на контекстуализација и хуманизација на македонското културно наследство во еден поширок контекст. Во деведесеттите години по распадот на Југославија македонските археолози останаа сами да се борат со своето наследство. Непостоењето на било каква добра ,,школа за археологија” (што е термин кој и денеска звучи смешно за наши услови), исклучиво вработување на археолозите по политичка линија без никаква стручност и амбиции за понатамошна наобразба, Македонија се соочи со својот најголем непријател – дивите копачи.

Како тогаш една мала земја како Република Македонија би можела да прави презентација на археолошките локалитети, кога повеќето од нив се веќе загрозени, да не напоменувам и прекопани од томб рајдерите . Ова сведочи дека Македонија тешко се справува со нелегалната трговија на сoпственото културното наследство, а минорните филтрирани информации во медиумите не се доказ за отсуство на оваа ,,високобуџетна дејност”.

Продолжува…

Текстот е преработка на дел од темата ,,Transitional archaeology in transitional country“, со кој настапив на симпозиумот на Европските Археолози 2007 г. во Задар.


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , ,

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име