Дома Изложба Дали сакате улица со вашето име?

Дали сакате улица со вашето име?

1,815 views
0

Проектот „Јавен простор“, во соработка со КЦ „Точка“, пред извесно време објави ЈАВЕН ПОВИК до граѓаните на Скопје за доставување предлози за измена на имињата на скопските улици, мостови, паркови и плоштади.

Градот Скопје не се дефинира преку зградите и другите објекти. Овој град го дефинираат неговите жители, со своите семејни, пријателски, работни односи, со своето знаење и делување. Тој не е составен од минатото, туку од сегашноста која постојано ја создаваат луѓето кои живеат во него.

Јавните простори во градот, како што се плоштадите, парковите, улиците и мостовите, кои им припаѓаат на сите граѓани, треба да го одразуваат тој факт. Тие треба да ги носат имињата на луѓето кои денес живеат и делуваат во овој град, да го слават секој од нас а не само историските личности. Тие треба да ги обележуваат важните моменти од нашите животи, а не минатото.

Затоа, почитувани сограѓани, ве повикуваме да предложите нови имиња за јавните простори во нашиот град. Да ги именуваме според:

– сегашни жители на Скопје кои се добри родители, партнери, пријатели, соседи, соработници
– датуми кои означуваат важни настани во нашите секојдневни животи (родендени, свадби, веридби и сл.)
– нашите омилени нешта, како што се бои, мириси, активности и сл.

Инфо сајт: http://www.public-space.info/

Да не бидам толку скромна, сепак сакам еден булевар именуван по мене. :))

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име