Home Архео TV 2.0 Мор од лес, баш сме тајмлес и тоа до бесвест

Мор од лес, баш сме тајмлес и тоа до бесвест

1,448 views
1

По првиот спот на Милчо Манчевски “Македонија вечна” (Macedonia timeless) наменет за промоција на туризмот на Р. Mакедонија, веќе имаме можност да ги погледнеме и останатите два од серијалот. Вториот спот под истиот бренд се појави пред десеттина дена, во режија на Игор Ивановски – Изи, а третиот спот насловен како Temples, веќе започна да се врти по македонскиот интернет. Се надевам дека набргу ќе се помести кон посооветни медиумски простори, онаму за каде што му е и вистинската намена.

Факт е дека освен вториот кој за сега во голем дел погодува одредена таргетна група, ваквиот тип на промотивни клипови нема да придонесе ниту за помалку ниту за повеќе туристи во Р. Македонија. Или што би рекле коментаторите на моите статии на фејсбук – “Дај Боже што повеќе туристи да се лизнат од првата – тамам да дојдат еднашка, да се заебат и да не се вратат по втор пат”.

Секако дека ќе следи подетална анализа од моја страна за спотовите, но лоцирањето на проблемот не започнува со нив, туку обратно, во базичната поставност на некои науки кои подоцна треба да се рефлектираат преку туризмот кај општата популација. Авантуризмот е најголемата болка на турзимот. Најтрагично е тоа што кај нас авантуризмот е академски закоравен дури и кај оние кои по природата на работата би требало да останат објективни.

1 COMMENT

Leave a Reply to Архео пресек низ 2009 » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here