Home Археологија Реакција – Писмо од, до и за Македонија

Реакција – Писмо од, до и за Македонија

5,096 views
0

Не смее секој кој ја носи титулата археолог во Република Македонија да дава изјави за јавноста. Би им забранила барем на половината од македонските археолози да се појават во медиумите, зошто со своите некомпетентни мислења предизвикуваат дополнителна збрка како во науката, така и во нашето совремие. Сведок за што се може да се случи кога македонски археолог ќе даде неподобна изјава за археологијата, е неодамнешниот пример со написот “Писмо од Македонија – Како да го поседувам Александар Македонски“, кое излезе во популарното и “реномирано” списание Archaeology Magazin. Добивате случај против себе си каде морате да ја браните својата струка, својата земја и своето минато кое е дел од светското културно наследство. И наместо истото да го експонираме, ние го вовлекуваме (не)сакајќи во препредни политички игри со непозната завршница.

Дали треба постојано да бидеме неутрални? Еве на пример, јас не сум цело време политички коректна. Некогаш мислам “држава”, а велам „македонците“. Постојано пишувам за „идентитетот“ и го поставувам прашањето дали можеме во сегашноста да го потврдиме сопственото минато? Или од неговата таинственост како негација пред заграда ќе замолчиме со уверувањето дека (не)сме ние децата (продукти) на сопствените проекции кои вековно постоеле пред нас.

Кога пред неколку месеци излезе Писмото за Македонија, јас веднаш реагирав. Моите кратки постови не наидоа на некој поголем одзив во блогосферата, а уште помалку кај моите колеги. Меѓутоа повеќегодишното искуство со ваков тип на манипулации на интернет ми остави простор за загриженост. Како последица, оваа појава ескалираше во верижни ланец на настани. Прво со писмото во форма на одговор од страна на проф.  Милер кое можеше да се прочита на интернет, за подоцна истото тоа писмо, проширено и потпишано од 200 академици му биде упатено на претседателот на САД, Обама . Во исто време беше подигнат и веб сајт како логистичка подршка на оваа (не)секојдневно тенденциозна појава (ни прва ни последна на интернет) која ги надминува границите на науката и длабоко загазува во водите на современите политички текови. Не изостанаа ниту коментарите од некои светски блогери кои пишуваат за археологија, а од македонските дневни весници, исклучиво само Дневник извести и со свои написи го прати овој случај (1, 2, 3). Секако тука се и незибежните дебати по разните блогови и форуми.

Со оглед на публикуваниот текст во Archaeology Magazin, воопшто и не треба посебно да зачудува оваа реакција од проф. Милер, која секако во еден дел кој се однесува на археологијата е научно заснована. Но не можат да се пренебрегнат мешањето во дневно-политичката ситуација и спорот за името кој Македонија го има со Грција, зошто тоа веќе длабоко навлегува во политизација на археологијата и нејзино користење како алатка за да се докаже било чија етничка припадност од минатото до сегашноста.

Ова нема да биде мој единствен пост на тематикава, а реакција на писмото од проф. Милер се надевам дека набрзо ќе следи. Сепак едно знам, дека пред било која друга научна институција да даде мислење на оваа тематика, постои можност да бидеме избришани од културната мапа на светот. Исто како да не сме постоеле никогаш.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.