Home Археологија Суперпозиција и горе-доле артефакти

Суперпозиција и горе-доле артефакти

1,097 views
0

Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа треба да бидеме крајно внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази. Но според Леонардо да Винчи – “Повеќе знаеме за движењето на небеските тела отколку за почвата под нашите нозе”.

Едно од најинтересните прашања на едно археолошко ископување е она кога на самата површина се наоѓаат артефакти од различен временски период. Од каде ли треба да се почне со ископувањето?

Закон за суперпозиција

layers are arranged in a time sequence, with the oldest on the bottom and the youngest on the top, unless later processes disturb this arrangement.

Со самото ископување на еден археолошкиот локалитет се добива и неговата стратиграфија. Постојат два вида на стратиграфија – хоризонтална (тлоцрт) и вертикална (пресек). Непишано правило е кога се копа одозгора надолу, оние предмети кои се наоѓаат најгоре да се најмлади, па како се оди подлабоко, се доаѓа до се постари и постари културни словеви. Но, дали е тоа секогаш така?

Дојдовте до крај со ископувањето? Аха, значи тие предмети што се најдолу се најстари?

Не…Оооо…Зошто?

zakon-za-superpozicija

Не знам на колкумина од вас ви е познато но и предметите во земјата се движат. И тоа и горе и долу, и лево и десно. Надолу се движат со помош на гравитација, а нагоре, лево и десно со помош на орање, копање, земјотреси (т.е. разни гео-текстонски поместувања итн.). Значи, може да се случи геолошко претумбување до тој степен, да постарите слоеви дојдат над подмладите.

И што прави во тој случај еден археолог? Знам дека не сте сите археолози, ама дали можеби ќе ви текне?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here