Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon До каде досегнува мојата гордост?

Од време на време во јавниот простор (претежно на градот Скопје!) ќе се појави некоја микро кампања на постери со фантомски карактер и ќе изчезне исто онолку бенигно колку што ќе привлече и внимание. Не знам дали воопшто треба да и се обрне внимание на оваа сега веќе заборавена појава, па сепак решив да ја архивирам на блогот како настан во редицата на лупање во гради и бранење на нашиот кршлив македонски метафоричен идентитет.

Пред извесно време Скопје беше прeплавено со плакати преку кои на граѓаните требаше да им се предочи колку горди треба да бидат на својата историја и на своето минато! Кампањата, чија и да беше, очигледно не ја постигна својата зададена цел, а вроди со внимание онолку колку што се разбираат соговорниците во било кој дијалог на глувите. Убаво е човек да си ја сака својата држава, да трага по корените, да ги проучува, разбира и толкува достигнувањата на старите цивилизации кои живееле на ова (или било кое друго) тло и да биде горд. Сериозното мајтапење во стилот на Монти Пајтон не е на одмет, ама до кога ќе го браниме идентитетот исклучиво со мажи, со неписменост и постери со келтски букви на кои граматиката вришти? Па потоа си велам, ако постојат плакати со кои ни се нудат креми за трајно изгладување на брчките и препарати за вечна младост,  тогаш зошто да не ни се нуди и “вечна гордост”!

Еве јас како археолог горда сум на својата историја! Горда сум и на своето минато! Горда сум што имаме огромно културно наследство, со кое никако не можеме да се справиме во постапките при неговата нелегална трговија. Горда сум што има на тони археолошки ископувања, а ниту една публикација. Горда сум што 400 невработени археолози се ангажирани на сите тие ископувања, но никој не е вработен со години.  Горда сум што не претставуваат во светските списанија но не преку користење  на напредна дигитална теренска документација,  туку како некоја недоџија таму богу иза трегера со фејкерско третирање на археологијата како наука, кое е застарено дури и за некои минати системи. Горда сум јас на многу работи само што во мојот случај тие се одвиваат по обратен реципроцитет. Колку што стaнувам “понесреќна”, толку е поголема мојата гордост.

И на крај краева нека ми објасни некој што е тоа “гордост”, а што “идентитет”? Навистина немаме потреба да го збунуваме “непријателот” со нашиот идентитет, бидејќи сме доволно збунети самите од себе си. А што се однесува до археолозите и нивната работа, тие навистина можат да помогнат во откривањето на вистинскиот “Македонец”. Само што им е потребен многу оштар предмет. Ако при тоа некој се гребне од него во потрага по својот горд идентитет, јас не го повикав. Не е археолошката прашина за сечие здравје погод(е)на.

Bookmark and Share

3 Responses to “До каде досегнува мојата гордост?”

  • Секојдневно четиво ми се архео постовите и на Волан. Едвај чекам да најдам малку слободно време и да ѕирнам што има ново. Ама денес ме утепавте двајцата. Толку негативна енергија одамна немало на нетов. Се надевам дека утре ќе биде подобро.

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
June 2009
M T W T F S S
« May   Jul »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes